Избрани 16 проектни апликации во рамките на „Суперучилишта“

СКОПЈЕ – Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) – локалната канцеларија во Северна Македонија во соработка со Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) го организираше воведниот настан „Запознајте ги Суперучилиштата на Северна Македонија“ во Скопје на 26 јануари 2023 година во рамките на Програмата за размена на Суперучилишта. На средбата присутни беа 16-те наградени средни училишта од Северна Македонија претставени од нивните директори и наставници задолжени за координација на претстојните регионални размени, како и претставници на Делегацијата на Европската Унија, Амбасадата на Сојузна Република Германија и претставници на Министерство за образование и наука на Северна Македонија како и Агенцијата за млади и спорт.
На настанот присуствуваа г-дин Ѓонул Бајрактар, државен советник во министерство за образование и наука на Северна Македонија, г-дин Наумче Мојсовски, директор на Агенција за млади и спорт на Северна Македонија, Н.Е. Г-дин Дејвид Гир, шеф на Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, Н.Е. Г-дин Ото Граф, в.д Амбасадор на Сојузна Република Германија во Северна Македонија, г-ѓа Ивана Антонијевиќ, програмски менаџер за Суперучилишта и г-дин Владимир Ѓорѓевски, раководител на локалната канцеларија во Северна Македонија.
Воведниот збор го изнесе г-дин Ѓорѓевски кој истакна „ Интересот од училиштата за соработка и размена е огромна, така што обемот на проекти во вториот циклус е речиси двојно зголемен. Имаме многу лекции научени за нас од 1-виот циклус како организации кои спроведуваат, така што не се сомневам дека вториот циклус ќе ни донесе уште подобри резултати и влијание на Западен Балкан”.
Н.Е. Г-дин Гир рече „Во 2023 година ја одбележуваме Европската година на вештини. Среќен сум што гледам дека вториот циклус на програмата „Суперучилишта“ има силен фокус на стекнување нови вештини за младите луѓе кои треба да влезат на пазарот на трудот. Но, програмата прави многу повеќе. Тоа им овозможува на младите да ги изразат своите надежи и аспирации за иднината. Тоа им помага да се поврзат со врсници од регионот. И ги охрабрува да работат заедно во обликувањето на нивните општества на подобро“;
Н.Е. Г-дин Граф подвлече „Размената помеѓу училиштата ги поставува темелите за подобро разбирање меѓу соседните луѓе. RYCO е шампион во овие активности планира размена на 2.300 студенти во две фази. Училиштата од Северна Македонија ефикасно ја користат оваа програма за своите ученици. Германија е горда што ги поддржува напорите преку ГИЗ“;
Г-дин Мојсовски истакна „Регионалната програма Суперучилишта, која несомнено придонесе и ќе продолжи да придонесува кон запознавање на нашите соседи и можности за поголема младинска соработка и мобилност на младите во Западен Балкан“;
Г-дин Бајрактар кој рече „Ниту една крупна промена не може да се случи преку ноќ. Особено не во образованието, каде промените се системски процеси преку кои се влијае на подобрување на знаењето и вештините на младите, но и се влијае врз нивните сфаќања. Токму овој проект е еден таков започнат системски процес кој влијае на размислувањата за градење мир, соживот и решавање на предизвици преку дијалог и се надевам дека ќе има долг век и ќе даде одлични резултати“;
Директорите и професорите кои ќе ги координираат и спроведуваат овие младински размени ги презентираа своите идеи кои понатаму ќе се развиваат со помош на RYCO и неговите ментори. Овој настан навистина им даде одлична можност да се вклучат во вмрежување и да разговараат со важни локални и меѓународни партнери, а истовремено да добијат појасен преглед на следните чекори. Младите кои ги претставуваат 16-те средни училишта, имено: СУГС „Јосип Броз Тито”, ПСУ „Јахја Кемал”, ДСУ „Митко Пенџуклиски, ОСУ „Мирко Милески”, СОУ „Јосип Броз Тито” – Битола, СМУГС „Др. Панче Караѓозов”, СУГС “Браќа Миладиновци”, СОУ „Перо Наков”, СОУ „Методи „Митевски-Брицо”, СУГС„Зеф Љуш Марку”, ПСУ „Алгоритам”, „Американска Гимназија” Скопје, СЕОУ „Гостивар, ДУЦОР „Партенија Зографски“, ДУРДМОВ „Димитар Влахов” и ОСТУ „Наце Буѓони” ќе имаат можност да уживаат во придобивките и неверојатното регионално искуство што го нуди програмата „Суперучилишта“.
Имплементацијата на проектите ќе биде поделена во два круга: Првиот круг на размена ќе се случи од април до јуни 2023 година, а вториот круг ќе продолжи од август до октомври 2023 година. Секое училиште ќе организира една посета на партнерското училиште која ќе трае до 7 дена со група до 12 ученици и 1 до 2 наставници.
Преку програмата за размена, учениците и наставниците ќе имаат можност да патуваат, да се претстават себеси, своите училишта и обичаи пред домаќините и да научат нови работи за локалните заедници низ целиот регион.

На вториот отворен повик за “Суперучилишта” беа поднесени 155 апликации за размена, создадени се 161 партнерство од кои 17 се долгорочни од првиот циклус, додека повеќе од 535 училишта од Западен Балкан ја искористија онлајн платформата www.superschools.net за вмрежување со други училишта. Одборот за селекција имаше тешка задача да ги избере 50-те најдобри проекти кои имаат за цел да го поддржат процесот на градење мир и помирување во регионот на Западен Балкан и интеркултурното учење и дијалог меѓу училиштата, учениците и нивните заедници.

За програмата „Суперучилишта”

Суперучилишта е програма на RYCO за училишна размена во регионот со цел да се поддржи процесот на градење мир и помирување и интеркултурното учење и дијалог меѓу училиштата, учениците и нивните заедници. Програмата е дел од мултидонаторскиот проект „Програма за размена на училишта во Западен Балкан“ кофинансиран од Европската Унија и германското Сојузно Министерство за економска соработка и развој (BMZ) и имплементиран од Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) заедно со Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO).
RYCO е меѓувладина организација која управува и промовира регионална и интеркултурна соработка на младите луѓе во и помеѓу општествата во Западен Балкан.
Програмите на RYCO се фокусираат на создавање можности за младите луѓе да се вклучат во активности кои градат меѓусебно разбирање и помирување во граѓанските, социјалните, образовните, културните и спортските домени. RYCO иницира и учествува во креирањето политики и се залага за реформи. Го поддржува и зајакнува развојот на политичкото и социјално опкружување и ја олеснува размената на младите.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.