Почетна ОБРАЗОВАНИЕ ОСНОВНО И СРЕДНО Се одржа настанот “Говорот на цвеќето на мирот” во ОУ “Кочо Рацин”...

Се одржа настанот “Говорот на цвеќето на мирот” во ОУ “Кочо Рацин” во Општина Петровец

 

Денеска, 21.02.2025 година, во основното училиште “Кочо Рацин” во Општина Петровец се одржа средбата “Говорот на цвеќето на мирот”, во рамките на кое  случија повеќе интересни збиднувања .
Директорката Виолета Јаневска ги поздрави присутните, а потоа збор зедоа и професор д-р Снежана Петрова Џамбазова  од Институтот за македонски јазик “Крсте Петков Мисирков” и предавање одржа професорот по македонски јазик Раско Лозановски, воедно и едукатор за правилно изговорување и употреба на литературниот македонски јазик во повеќе сфери (медиуми, здравство, образование и друго). Воо истовреме познатиот уметник и хуманист Живко Поповски Цветин заедно со учениците од 8- а одделение цртаа цветни цртежи со кои се апелира на мир. Цветин на хамер нацрта пет слики во димензија 50 -70 см.
-Направив пет слики за осмо одделение, на часот по македонско јазик на професорката Славица Велковска, на кој се предаваше лекција “Говорот” со извадок на романот од Бистрица Миркуловска, во која се опишуваат настаните во Основните училишта од 1998 година, посветени на карванот “Цвеќето на мирот – на Живко Поповски Цветин”, кој своевремено прошета низ сите основни училишта во Македонија!
Тие цртежи, заедно со оние денеска нацртани од учениците ќе го сочинуваат Цветиновото катче во ова училиште.
За архивите на библиотеката подарена беше и неговата книга- биографија, а потпишувана Цветиновата декларација за мир.

 

metropolis-big