Вечерва во 20.00 часот во киното “Фросина” ќе се одржи премиерата на краткиот игран филм “СК2020” (работен наслов “Здив”) во сценарио и режија на Радован Петровиќ.
Филмот ја третира темата на загадувањето и дилемата на едно македонско семејство дали да ја напушти државата . Филмот се снимаше оваа зима на локации во Скопје. Главните улоги ги толкуваат Верица Недеска-Трајкова, Зоран Љутков, Анастасија Аневска, Торијан Азгоур и Катерина Коцевска. Директор на фотографија е Андреј Лембанов, костимограф Жаклина Крстевска, сценограф Симо Бранов, шминка Ирена Сенокозлиоска, дизајн на звук Ристо Алчинов, а монтажер Радован Петровиќ. Продуценти се Роберт Насков и Сања Тодоровска-Арсова. Тонската постпродукција се одвиваше во Аудиохаус, а видео постродукцијата во фх3х. Филмот е во продукција на Кино око, финансиран од Агенцијата за филм на Македонија
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.