“УРБАНИ КУЛТ” ПОКАНУВА НИЗ РЕГИОНОВ: “Нека нашите настани бидат ваши дестинации”

Доколку вашите туристички патувања на Јадран сакате да станат и културни патешествија, НВО “Урбани култ” осмисли комбиниран концепт за вечно неуморните трагачи по туризам и добра музика.
Имено под мотото “Нека нашите настани бидат ваши дестинации”, нѐ поканува и сугерира како туристичкото патување да се сврзе со настани од поголем музички калибар, кои ќе останат во вечно сеќавање.
Музички туризам за патувачи со префинет вкус.
Она што можеби е најатрактивно, а лесно ни е на дофат, се случува во Црна Гора- тоа е 18-тиот Петровац џез фестивал, 27-30 август, во Петровац.

***
Следна туристичко- музичко дестинација би можела да биде првиот Будва арт фестивал кој ќе се одржува на познатата Словенска плажа од 3 до 5 септември 2024 година.

***
Неколку дена подоцна, овој црногорски туристички бисер, Будва, ќе биде домаќин на 13-тиот Monte Negro Sun Реге фестивал, на 7 и 8 септември. Рондо базенот во Будва е местото определено за овие забави.

***
Но! Туристичката музичка возбуда не мора да се случува само покрај вода.
Во Србија, на пример, во Темерин, во Завичајната куќа Тајхаз, за 23 август се ТАФ- Темерин арт фестивал.

***
На истото место на 24 и 25 август се продолжува со нова музичка програма, на Џезаленд 2024.

***
Сите фестивали се бесплатни за публика.
И уште нешто, на плакатите може да се види дека на овие фестивали учествуваат и уметници од Македонија.
На Петровац џез фест на 28 август настапува Сашо Поповски трио, а на 30-ти Никола Кокан Димушевски. Ќе музицираат во хотел Палас лукс.

***
Директорот НВО “Урбани култ”, Винко Михајловиќ, ветува добра забава, која и годинава ќе го задржи и подигне реномето на овие балкански познати манифестации.

Валентина Ѓоргиевска Парго

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.