Работилница за воспитувачи и предметни наставници

„Креираме заедно за подобра комуникација #2“ – креативна работилница
Наменета за воспитувачи и предметни наставници

Поради покажаниот огромен интерес за претходната креативна работилница „Креираме заедно за подобра комуникација“ која се спроведе преку проектот „ЕДУИНКЛУЗИЈА – Иновираме за секое дете“ и се одржа на 04.11.2023 година, СмартАп Ве повикува да бидете дел од продолжение на истата.
Имено, На 18 ноември тимот на СмартАп спроведува креативна работилница под насловот „Креираме заедно за подобра комуникација 2“, наменета за предметни наставници и воспитувачи. Целта на оваа работилница е да се детектираат предизвиците со кои децата се соочуваат при секојдневната комуникација.
Вие како предметен наставник или воспитувач ја имате најважната улога во растот и развојот на учениците. Ефективната комуникација со нивните пријатели/врсници им помага да изградат висока самодоверба и чувство на припадност и солидарност, без анксиозност.

Затоа, ве повикуваме да бидете дел од нашата работилница и со своето искуство и знаење да придонесете кон полесно детектирање на комуникациските предизвици на децата.

Бројот на учесници е ограничен и ќе се применува принципот „прв пријавен, прв услужен“. Патните трошоци за учесниците надвор од Скопје, ќе бидат покриени од страна на организаторот.

* Член на нашиот тим ќе оствари контакт со селектираните личности за понатамошни информации најдоцна до 14.11.2023 год (вторник).

Датум: 18.11.2023 (сабота)
Време: 10.00-14.00 часот
Локација: Startup Club Skopje, Трета Македонска Бригада бр. 60, Скопје

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSfeewIqzM0qGe6CoIBTZKbh9vThbgLZegToPr9H8oIXlX9kOA/viewform

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.