Објавена книгата- албум “Буково на дланка”

Декември, 2024
Од печат излезе нова книга, со наслов “Буково на дланка”. Автор е Кети Радевска, родена во ова живописно битолско село, каде живее и твори.
-Тоа е книга со мои цртежи, илустрации со мотиви од прекрасните куќи и улички од моето Буково. Многу голема посветеност е вложена во книгата, при изработка на цртежите. Моја најголема желба беше сите цртежи да бидат поставени во една книга-албум кој ќе остане како трајна вредност и за прв пат се создава ваков сувенир за моето место. Насловот го дадов “Буково на дланка” затоа што во раката ќе го имаме цело Буково, вели авторката.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.