„Гол живот“ на Оља Грубиќ Оваа сабота, на 18 Јуни, со почеток од 19
часот во Денсинг салата на МКЦ ќе се
одржи перформансот „Гол живот“ на Оља Грубиќ и Виа Негатива од Љубљана. Со овој перформанс завршува пролетниот дел од програмата на десеттото издание
на фестивалот ПРВО ПА ЖЕНСКО.
„Гол живот“ нѐ повикува да размислиме
што значи да се биде вид на живо
суштество во светот, да се има тело,
услови за постоење, можност за живот?
Идеологијата не е решение. Животот е
надвор од тоа. Преку поетскиот јазик,
„Гол живот“ ја визуелизира интимноста
на животното присуство на човечкото
тело и динамиката помеѓу неговото
физичко, ментално и емоционално
постоење.
Голите женски фигури бараат место во
публиката, на сцената, покрај ѕидовите
во просторот. Рендањето зеленчук има
централна улога во перформансот:
изведувачките рендаат моркови,
тиквички и краставици во сексуално
обележани положби. Жената е
претставена како домаќинка и сексуален објект во еден чин, а во исто време, фрагменти од менталниот тек на
изведувачот се расплетуваат паралелно со звукот.
Перформансот е концепт и идеја на Оља Грубиќ.
Настанот не е наменет за малолетна
публика.
По перформансот следува забава на
платото на МКЦ со DJ Џано Куч(е).
Билетите се по цена од 100 денари и може да се купат онлајн или на билетарата на МКЦ.
Ова издание на #ППЖ10 е поддржано од Шведска и The Kvinna till Kvinna Foundation, FRIDA | The Young Feminist Fund, Зигрид Раусинг Траст и
Министерство за култура.
Линкови
[1]
[2]
[3]
[4]
[5]
[6]
[7]
[8]
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.