Скопје, 7.12.2023
Со интонирање на државна химна „Денес над Македонија“, академска химна „Gaudeamus Igitur“ и химна на УКИМ „Свечена песна за браќата св. Кирил и Методиј“ во изведба на мешаниот хор „Драган Шуплевски“, синоќа почна годишниот концерт на ФМУ- Скопје, насловен “Зум”. Со нив диригираше диригент Калина Ристова – IV година, од класата на проф. м-р Сашо Татарчевски.
***
Во своето обраќање на деканот на ФМУ – Скопје, проф. м-р Дарија Андовска ги поздрави екселенциите, претставниците на амбасадите, академската музичка фела, министерот за економија и присутните, со охрабрувачки зборови за идните генерации и таленти, кои го сочинуваат ликот и идентитетот на една нација.
***
Симфонискиот оркестар при ФМУ изведе дела од репертоарот на С. Прокофјев- „Летен ден”, свита за мал оркестар оп.65б- „Утро”, „Детска Игра” , „Валцер”, “Покајание”, „Марш”, “Вечер”, „Месечината оди по ливадите”, под диригентство на проф. м-р Борјан Цанев.
*
Мешан хор „Драган Шуплевски“ при ФМУ – Скопје по повод 90 години од раѓање на проф. Драган Шуплевски ги исполни темите „Елегија“ – авторска композиција за хор, “Deep river”- аранжман за хор, “Орал дедо” – обработка за хор, под Диригентство на проф. м-р Сашо Татарчевски.
*
Следуваше изведба на камерениот оркестар „Солисти на ФМУ“ со Аљба Зеќири, III година – соло виолина, од класата на проф м-р Љубиша Кировски: Александар Глазунов – „Тема со варијации” за гудачки оркестар, Астор Пјацола – Пролет“ од „Четири годишни времиња“, арр: Леонид Десјатников.
*
Проф. д-р Драган Даутовски на гајда неговата ученичка Мила Тренеска. III година на тапан и атко Даутовски на перкусии ја изведоа темата “Кумановка” за народни инструменти и камерен оркестар, под диригентство на Татарчевски.
*
Камерниот состав даде своја интерпретација на народната песна “По друм одам мајче” со Елена Васова- вокал, Мила Тренеска- џембе, Драган Даутовски- тамбура.
*
Крајот го означи сесијата на ФМУ Jazz selection Џез стандард, ин мемориам дел посветен на авторот, професор Кире Костов со “Кога те нема”, изведена од проф. м-р Иван Иванов – саксофон, вонр. проф. м-р Кирил Туфекчиевски – контрабас, вонр. проф. д-р Андријана Јаневска – вокал, доц. м-р Гордан Спасовски- пијано, доц. м-р Зоран Костадиновски – електрична гитара, доц. м-р Виктор Филиповски – тапани.
*
Во текот на концертот, кој беше со сериозен и тон во однос на општата атмосфера, и на кој диригентот потсете дека големите автори пишувале и за време на најголема радост и за време на тага, надвор од програмата беше изведена композиција од естонски автор, а хорот за прв пат поделен на сите страни и на балкони и најгоре во публика, ја пееше темата која во слободен превод ги содржи зборовите “дај ми мир господе, во времињата во кои живееме”.
Исто така при крајот, Андовска на бина ги повика дел од своите претходници и ѝм беше оддадена почест преку врачување на признанија.
Валентина Ѓоргиевска Парго