Зое Клозур со песната “Coeur” победи на Десетката Евровизија, и со тоа Франција по трет пат е победничка земја на овој фестивал.
Изборот се одржа на 26.11. 2023 година во Палатата Никаја, во Ница, на кој настапија вкупно 16 натпреварувачи.
Тамара Грујеска како претставничка на нашата земја настапи на Детската Евровизија, Франција и го освои 12-тото место.
Тамара Грујеска, настапи 6-та по ред со песната “Кажи ми, кажи ми кој“ .
Годинава победници се Франција, кои успеаја да освојат максимален број гласови од публиката која гласаше преку интернет, но и од националните жирија.
12 годишната Тамара Грујеска беше избрана ја претставува земјава во Ница по пат на аудициите одржани во Скопје во студиото на МРТ.
Песната со која Тамара ја изведе интерно ја избра јавниот сервис МРТ, а деновиве во нејзина придружба во Ница ги видовме авторите Дарко Димитров и Роберт Билбиловски.
Тамара е ученичка во ОУ „Гоце Делчев“ – Гостивар во VII одделение и во ОУ „Тодор Скаловски“ – Тетово секција „соло пеење“.
Тамара е првата соло пејачка која ја претставува Македонија на натпреварот од 2019 година.
Пеела на „Езерски Бисери“ 2021 во Струга, каде што го освојува првото место лауреат I степен. Истата година освојува Гран при на интернационалниот фестивал „Ѕвездички“ во Прилеп. Во 2022 година Тамара освојува и Гран при на „Златни ѕвезди дожд“.
Лара, Јован и Ирина настапија на Детската Евровизија 2022 година со „Животот и пред мене“ и завршија на 14. место со 54 поени.
Македонија беше една од шеснаесетте земји што учествуваа на првото издание на Детската Евровизија во 2003 година. Марија и Викторија со песната „Ти не ме познаваш“ завршија на 12-тото место со 19 поени. Најдобриот резултат на досега е петтото место, кое го постигнаа во 2007 година со „Динг Динг Донг“ на Росица и Димитар и во 2008 година со „Прати ми СМС“ на Боби Андонов.