75 години ДЛУМ- јубилејна изложба

Скопје, 24 ноември 2021 година

Друштвото на ликовни уметници на Македонија одбележува голем и значаен јубилеј 75 години од формирањето и постоењето на Друштвото. По тој повод на 1.12.2021 година во Национална галерија на Р.С. Македонија во два објекти Чифте амам и Мала станица ќе биде отворена голема јубилејна изложба на членови на ДЛУМ од неговото основање до денес.
На изложбата ќе биде претставен богат творечки опус, слики, скулптури, графики, цртежи, инсталации, таписерии од 292 автори, почнувајки од основоположниците на ДЛУМ, преку истакнати доајени кој што го трасирале патот и оставиле силен белег во современата ликовна сцена, средна генерација истакнати ликовни автори, па се до новата генерација која што ја претставува иднината на ДЛУМ. Горди сме на нашето членство и со задоволство го славиме овој значаен јубилеј, велат од ДЛУМ.
Изложбата се реализира во соработка со Национална галерија. Воведниот текст во каталогот е на претседателот на Уметнички совет на ДЛУМ Дијана Томиќ Радевска.
На отворањето на изложбата ќе се обратат Дита Старова Ќерими – директор на НГ, Дијана Томиќ Радевска – претседател на Уметнички совет на ДЛУМ, Ирена Стефоска – министер за култура.
Изложбата ќе ја отвори покровителот на јубилејот, претседателот на Р.С. Македонија г. Стево Пендаровски
Свеченото отварање ќе се одржи на 01.12.2021 година во Чифте амам, во согласност со важечките протоколи за сите јавни настани.
Поставката во Мала станица ќе може да се погледне исто така од 01.12.2021 година.
Сите љубители на уметноста, изложбата ќе може да ја видат во двата објекти Чифте амам и Мала станица до 12.12.2021 година.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.