Во рамките на програмата на „Вевчанско културно лето ВЕВКУЛ 2025“, во Клубот на пензионерите во Вевчани, деновиве беше промовирана книгата „Вевчани, во срце те носам“ од отец Зоран Попоски,
Промоторот на книгата, истакнатиот писател и публицист Мишо Китаноски, ја истакна длабоката емотивна и книжевна вредност на поетските циклуси сместени во оваа збирка поезија, потенцирајќи дека од памти век Вевчанци биле печалбари насекаде низ светот, а нивните децата растеле без татковци и таткова љубов и внимание.
Поезијата сместена во оваа книга со емотивен наслов, е приказ на вековните состојби на печалбарството на ова значајно место, од историски, културен и духовен аспект во Макеоднија.
Оваа книга е уште едно книжевно богатство со што се збогатува вевчанскиот книжевен круг, кој брои триесетина автори. Ова е дело кое обработува универзални теми на љубов, разделби, тага, копнеж, но и она што најмногу вевчанци го поседуваат а тоа е вербата во опстојување на македонскиот дух и култура.