25.08.2024
Денес, во 18:00 часот во просториите на Друштвото на писателите на Македонија, на ул. „Максим Горки“ бр. 18, ќе му биде врачено почесно членство на Жан Пјер Симеон, овогодишиниот лауреат на Струшките вечери на поезијата.
Жан Пјер Симеон (6 мај 1950, Париз) е ценет поет, но и автор со широк распон на својот творечки потенцијал, што го прави навистина интригантен и реализиран, во неколку жанровски подрачја. Тој е ценет како поет, признаен и сестран автор, комплексна творечка фигура и поливалентна личност: интелектуалец, ерудит, поет, уредник, есеист, прозаист, драмски автор, хуманист. Поезијата на Симеон, зад себе го има благородниот контекст и закрила, на една богата поетска традиција, каква што е француската, којашто ја краси возвишениот парнасовски идеал на песната- како суверено кралство, во кое живее и опстојува власта на љубовта и убавината- за него беше истакнато на Струшките вечери на поезијата, годинава…