Културата и градот – Културата се врати во градот, на широко отворени врати

Културата и градот- Со Короната, марихуаната и маглата ќе ни исчезне ли културата? 

Ова е насловот на првата колумна во низот од колумни,  што го пишував за време на короната. И како што пишувам меѓу другото, “Од оваа маглива перспектива каде не можеме да го видиме Сонцето што изгрева и заоѓа, каде ни ги исекоа „Орелските крилја“ па место во висините, не ставија во магливата реалност, уплашени и кревки, го чекаме секој нов ден за да видиме каков предизвик ќе ни донесе.“ , многу далечно и нестварно беше дека сето тоа ќе помине.

Целиот текст на колумната може да го прочитате на овој линк: https://www.kulart.mk/kolumna/so-koronata-marihuanata-i-maglata-ike-scezn%d0%b5-li-kulturata/

Деновиве многу размислував за ова време на затвореност, карантини, полициски часови а на тоа ме поттикна културниот живот во Скопје, кој е што би рекле со жаргон, “пуштен е на најјако“. Во една вечер, две прекрасни промоции (МКЦ и КИЦ), театарска премиера во Драмски театар , вечер пред тоа премиера на спот и концерт (можеби имало уште нешто). Да не знае човек каде да отиде, па си прави приоритети. Што му е поважно и дали евентуално ќе стигне на две места.

Следна, саботна вечер: МОБ-прекрасна “Мадам Батерфлај“, одличен концерт на Меморија, 80 години Македонска филхармонија и Концерт на млади музички таленти. И секаде преполно со народ и конечно со Скопска културна душа.

Па бирајте!

Скопје си ја враќа културата, преку бројните квалитетни културни настани. Сето ова покажува дека предизвиците колкави и да се може да се совладаат а за се треба трпение. И ако се земе по најавите за настаните до Нова Година, културната програма е навистина богата. Ќе имаме уште една театарска премиера овој пат во МНТ, бројни настани во Македонска филхармонија и МОБ, најавени се промоции досега на пет книжевни дела а и многу програма и за деца што нависитна е насушна потреба. А дека ќе имаме богата културна пролет е најавата на концертот на Пласидо Доминго во Салата “Борис Трајковски“  на 14 март.

Скопје ја живее својата богата културна есен и зима а да не ја заборавите Ретроспективната изложба на  Вангел Коџоман во Даут пашиниот амам на 19. ноември во 20 часот или Гала вечерта со наслов “Жените на Пучини“ во месецот на Пучини во Македонската опера и балет.

Изборот е ваш! Уживајте!

М-р Татјана Гогоска 

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.