За Денот на жената: “За тебе љубов моја”

И годинава, жената ќе се чествува со стихови и музика во рамките на поетско- музичка манифестација „За тебе љубов моја“. 21. издание на „За тебе љубов моја“ ќе се одржи на 7 март, во просториите на хотел-казино „Аполонија“- Гевгелија, со почеток во 19.30 часот. Влезот е слободен.
Организатори на настанот се професорите по македонски јазик и литература, Даниела Џишева и Тони Аврамов, кои преку Здружението „Од станица до граница“, годинава, добија финансиска поддршка од Општина Гевгелија за одржување на поетско- музичката вечер.
Љубовни стихови ќе читаат: Тони Аврамов, Даниела Џишева, Александра Ќаева, Ламбрина
Лазаревска, Катица Џишева Дупарова, Мирјана Чамџиќ, Бојан Алексов, Мери Олумчева, Светлана Стојковиќ, Бисерка Макревска, Љупка Урумова, Стефчо Стефанов, Силвестер Проле, Каме Ќаев и Петар Јанчев. Во музичкиот дел, ќе учествуваат: Александар Стојанов, Цветанка Демерџиева, Елена Поп-Костова, Ања Поп-Костова, Теодора Гошева Капсарова, Филип Ангов и Зоран Кондурџиев.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.