Врачена наградата „Роман на годината“ на Николина Андова Шопова

Вчеравечер во Културно-информативниот центар во Скопје, беше врачена престижната книжевна награда „Роман на годината“ за 2018, што ја доделува Фондацијата „Славко Јаневски“ последниве две години а која 18 години го доделуваше „Утрински весник „ се до неговото згаснување во 2017-та година.

20-тиот добитник  на наградата е романот „Некој бил тука“ од Николина Андова- Шопова, во издание на Темплум.

За добитникот одлучуваше жири-комисија во состав: Фросина Пармаковска (претседател), Богомил Ѓузел, Александар Прокопиев, Елизабета Баковска и Катерина Богоева.

Андова-Шопова за својата прва поетска книга „Влезот е од другата страна“ (2013) ја доби наградата „Мостови на Струга“. Освен поезија, таа пишува и раскази, песни и сликовници за деца. „Некој бил тука“ е нејзин прв роман.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.