18.07.2024
Најновата претстава за деца „Волшебникот од Оз“ на Театарот од Куманово, која се одигра синоќа на летната сцена на Градскиот плоштад во Крива Паланка, предизвика силни впечатоци и овации кај најмладата публика која активно учествуваше во театарската игра.
Младата актерска екипа ги освои најмладите со одлично одиграните улоги на лавот, плашилото, лошата и добрата вештерка, лимениот дрвосечач, волшебникот од Оз и главниот лик – девојчето Дороти.
Улогите ги играа: Никица Јанковски, Анастасија Величковиќ, Марко Трајковиќ, Александра Михајловска Величковски, Жарко Јовановиќ и Сања Русевска. Режијата е на Бојана Краљевска Стојков.
Театарската вечер за деца е дел од манифестацијата “Крива Паланка- Град на културата 2024” и Кривопаланечко културно лето.