Отворањето на Центарот е резултат на потпишаната Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Советот на министри на Република Албанија и заложбите за унапредување и продолабочување на културната соработка меѓу двете земји.
Центарот е сместен во непосредна близина на Градскиот парк, локација што овозможува видливост и интенција за поголема посетеност на културните настани, а во моментов, во соработка со графичкиот уметник Зоран Кардула, интензивно се работи на внатрешно уредување на просторот. Планирана е реализација на разновидна културна програма, што ќе придонесе за збогатување и осовременување на традиционално добрите односи во културата помеѓу двете земји.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.