Францускиот институт во Скопје, во соработка со Правниот факултет во Битола, АЛДА Скопје и Програмата за мир на регионот Нормандија, организира еднодневна онлајн научна конференција на тема Фронтот во Првата светска војна.
Конференцијата носи наслов „Историја, сеќавање и книжевност” и ќе се одржи преку платформата на Zoom, в петок, 30 октомври 2020, од 10 до 14 часот.
Главните тематики ќе бидат последиците од Првата светска војна врз општествата во Франција, Германија и на Балканот, процесот на помирување и воспоставување мир во 20-те години на минатиот век и присутноста на оваа војна во книжевноста.
Во вториот дел од конференцијата, присутните експерти ќе имаат излагања на тема помирување во современ контекст.
Во рамките на настанот ќе биде презентирана и изложба на фотографии насловена „Фронтот во Првата светска војна во минатото и денес” од авторите г-дин Александар Стојчев, Директор на Воениот музеј, и г-дин Емануел Рембер, Советник за култура и соработка во Амбасадата на Франција и Директор на Францускиот институт во Скопје, којшто воедно ќе биде и модератор на научната конференција.
Учесници на научната конференција се:
- Проф. д-р Ана Димишковска, Професорка на Филозофскиот факултет во Скопје ;
- Проф. д-р Далибор Јовановски, Шеф на Катедрата по историја при Филозофскиот факултет во Скопје ;
- Г-дин Александар Стојчев, Директор на Воениот музеј ;
- Г-дин Петар Тодоров, историчар во Институтот за национална историја ;
- Проф. д-р Горан Илиќ, Декан на Правниот факултет во Битола при Универзитетот „Св. Климент Охридски” ;
- Проф. д-р Елена Тиловска-Кечеги, Продекан за настава на Правниот факултет во Битола при Универзитетот „Св. Климент Охридски” ;
- Г-дин Иљо Трајковски, професор по историја во гимназијата во Битола.
За да се добие линк на Zoom со цел следење на конференцијата, потребна е регистрација на следниот мејл [email protected] .