Во чест на 23 Април, Светскиот ден на книгата и авторското право, востановен од УНЕСКО во 1995 година, утре напладне (понеделник) во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи традиционалната свеченост посветена на книгата.
Овој датум е поврзан со брилијантните личности на пишаниот збор: Мигуел де Сервантес, Вилијам Шекспир, Лопе Де Вега. Идејата се заснова на стариот каталонски обичај да се подари книга и роза.
Македонската порака за настанот ја напиша проф. д-р Ана Стојаноска, а на одбележувањето ќе биде прочитана и светската порака од г-ѓа Одре Азуле, генерален директор на УНЕСКО.
Во нашата Библиотека во Охрид утре од 12.00 часот ќе бидат избрани најчитателите во двата оддели- за деца и за возрасни, а на над 30 охриѓани и граѓани од цела земја ќе им бидат врачени благодарници за книгите кои во текот на 2022 година ги донирале во Библиотеката.
-На Светскиот ден на книгата ќе бидат соопштени најчитаните автори и наслови од домашната и светска книжевна продукција.
Да се обединиме заедно во празнувањето на книгата!, порачуваат од НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.