23 март 2023 година
Во пресрет на 25 март, денот на кој големиот поет и преродбеник Григор Прличев во
1860 година во Атина за поемата „Сердарот“ бил награден и овенчан со ловоров венец
НУ Библиотека „Григор Прличев“ и ќерката на академик Милан Ѓурчинов, проф. д-р
Анастасија Ѓурчинова во петок на 24 март органзираат книжевен настан под наслов:
„Григор Прличев во компаративен клуч“.
Со ова случување продолжува чествувањето по повод 130 години од смртта на Прличев, но и одбележувањето на 95 годишнината од раѓањето на Милан Ѓурчинов.
Не случајно за првпат за јавноста се отвора дел од куќата на проф. д-р Ѓурчинов во Охрид
која крие уште една симболика во себе. Во 1965 година градската библиотека функционирала на првиот кат од куќата.
Професор Татјана Дурнева ќе го чита есејот од д-р Милан Ѓурчинов „Делото на Григор Прличев на фонот од Балканскиот културен плурализам“.