Во име на 100-годишнината од смртта на најголемиот и истакнат собирач на македонски народни умотворби- Марко Цепенков

Денеска се навршија 100 години од смртта на наголемиот и најистакнат собирач на македонски народни умотворби -Марко Цепенков. Во вкупниот број публикувани и непубликувани негови дела може да се набројат повеќе од 5500 пословици и поговорки, 800 приказни, 150 песни, 100 гатанки, 400 верувања и клетви, 300 благослови, 350 баења, 2900 соништа и нивни толкувања, 70 детски игри, јазичен и етнолошки материјал како речник, тајни јазици, описи на занаети, обичаи, обреди, реквизити од домашниот материјален живот и народната аргономија.

Низ годините низ театрите и аматерски и професионални се имат прикажани повеќе претстави во кои се преплетувал ликот на Марко Цепенков.

Една од најкористените приказни е „Силјан штркот „ која со децении е присутна во народниот, едукативниот и културниот живот на македонското тло.

Минатата година по еден повод направив драматизација на оваа приказна,  и ја насловив  Силјан Штркот на пат кон Франција  –  Силјановиот сон ) – по мотиви на приказната Силјан Штркот од Марко Цепенков. Драмски текст и адаптација, автор  Татјана Гогоска

По овој повод мал ден од драмската игра за деца:

СЦЕНА ЕДИНАЕСТТА

Силјан Штркот слуша глас:

-Каков Париз те спопадна Силјанееее. Ти си од Горно Коњаре, детето и жената те чекаат. Мајката плаче за тебе, таткото засрамен низ село не може да помине..сестрите тажат за тебе.

Силјан се погледнува како штрк и ВИКА:- -Ама што да правам? Што да правам ?

ГЛАСОВИТЕ : -Мораш  да работиш

СИЛЈАН:-До кога?

ГЛАСОВИТЕ :-Уште една година и не сонувај, работи…

 СЦЕНА ДВАНАЕСЕТТА

РАСКАЖУВАЧОТПосле уште една година вредна работа, Силјан заслужил да се врати  како човек покрај своите најблиски. Сфатил дека неговото место е во домот покрај своите родитеи,синот,жената , сестрата и соседите. Сфати уште нешто, дека мора да работи и само така ќе биде добар човек. Сонот за патувањата некаде го изгуби. Не знаеше дури ни што значи тоа.

СИЛЈАН ИСТРЧУВА НА СЦЕНА КАКО ЧОВЕК

СИЛЈАН : Спасен сум, вратен сум…..

СИТЕ НЕГОВИТЕ ГО ГЛЕДААТ И СТРЧУВААТ КОН НЕГО

-Силјанеееее, дојде Силјанеее…

Вредни дела остави Марко Цепенков, најголемиот и најистакнат собирач на македонски народни умотворби

М-р Татјана Гогоска 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.