Виолета Наумовска денес ќе промовира две книги 

31

Промоција на книгите „Огне“ и „Време за желби“ на авторката Виолета Наумовска ќе се одржи денес 25.07.2024 година во 12 часот во Сули ан, во рамките на манифестацијата “Скопско лето”.

Промотори ќе бидат проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска, Братислав Димитров и Горјан Петрески.

Наумовска е позната авторка на поезија и проза, а има објавено едиции за најмладите: “Облачиња”, “Шумски приказни”, и “Чудесни приказни”, стихозбирка за возрасни “55 чекори” и други. Нејзиното творештво е насочено претежно кон најмладите но пишува и за возрасните.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.