“Вилинско коњче”, претставено во Скопје

58

Илина Јовановиќ-Јаковчевска, Македонка која со семејството живее во Германија, неодамна во Скопје ја претстави својата книга “Вилинско коњче”. Поради тоа што живее и работи во Германија официјална промоција немаше, но на 25 јули во 2024 година во книжарница- кафе “Збор” во Скопје се организираше држење со авторката, на кое се претстави себеси и кажа нешто околу процесот на пишување на “Вилинско коњче”, книга која е напишана на македонски јазик и објавена во издавачката куќа “Збор”. Базирана е на прераскажана животна приказна, која во иднина можеби ќе добие и превод на германски јазик.
Илина Јовановиќ-Јаковчевска е родена на 9 мај 1983 година во Скопје.
Живела во селото Драчево и учи во Основното училиште „Климент Охридски“, а потоа завршува средно образование во општата гимназија „Браќа Миладиновци“.
Со пишување започнува уште на 10-годишна возраст. Објавени се неколку нејзини творби во училишните весници.
Љубител е на фолклорот и традиционалната македонска музика.
На 7-годишна возраст ги започнува нејзините први чекори во фолклорот и 13 години е активен член на Културно-уметничкото друштво „Китка“ во Драчево.
По завршувањето на средното образование продолжува со студии на Педагошкиот факултет во Скопје.
Набргу потоа ја сретнува љубовта на својот живот и заминува за Германија, каде што основа семејство и по усовршувањето на германскиот јазик запливува во педагошките води во Германија.
Во 2020 година започнува повторно да се дружи со кирилицата и активно твори проза и поезија.
Во 2021 година го издава и својот прв роман „Се љуби и двапати исто“.
Како голем љубител на поезијата учествува со песната „Љубовно невреме“ во издавање на хуманитарната збирка творби „Шепоти на љубовта“.
На конкурсот за детски стихотворби “Стихувалка”, освојува прво место со стихотворбата “Сонувалка”, со која се закити и со златна плакета.
Во 2022 година излегува нејзината лична збирка поезија „Трендафил“ во која се наоѓа оригиналната верзија од песната „Македонијо, татковино, туѓино“ за која е направена композиција и веќе успешно плови низ етерот на македонската музика.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.