Фестивалот на камерен театар, којшто е основан во чест на бардот на македонското глумиште, Ристо Шишков. започна вчеравечер и според новата реалност тој ќе се одвива на отворено во Градскиот парк во Струмица. Дваесет и осмото издание на фестивалот што ја негува и во чиј фокус е актерот и актерската игра годинава ќе трае до 13-ти септември.
Во конкуренција се домашни камерни претстави кои ќе оживеат со звуците на природата и ќе се играат пред ограничен број гледачи.
Актерите на фестивалот ќе се натпреваруваат за единствената награда за високи актеркси достигнувања којашто го нови името на Шишков, златен медалјон со неговиот лик и парична награда во висина од илјада и петстотини евра.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.