Утревечер во МОБ – Премиера на сценско дело “Игри на животот“

Премиерната изведба на музичко – сценското дело „Игри на животот“ , ќе се одрѓи во Македонската опера и балет, на 26.05.2021, 20.00 часот.

Главната тема-идеја на проектот е Љубовта, прикажана низ делата на Хендел, Бах, Персел, Рамо. Споени во една приказна Кралицата Шиба, Кралицата самовила, Осман Паша… кои низ своите приказни ни покажуваат како војувале за љубов, се одмаздувале и љубеле безусловно, помирувајќи се со загуба на љубената и по цена на својот живот.

Идеја: Татијана Петрушевска – прва обоа во Национална опера и балет

Диригент: Иван Еминовиќ, Режисер: Љупка Јакимовска, Кореограф: Саша Евтимова

Сценограф: Марија Ветероска, Костимограф: Ангела Богевска, Визуелна мултимедија: Емил Пачковски и Дарко Даутовски, Светло дизајн: Милчо Александров, Инспициенти: Љупчо Полизов, Драган Костадиновиќ, Марко Павлевски

Солисти: Билјана Јосифов (сопран), Драган Ампов (баритон)

Оркестар: Климент Тодороски, Јане Бакевски – виолини, Марија Георгиева – виола

Кирил Јосифов – виолончело, Митко Иванов – контрабас, Марија Јакимовска – флејта / пиколо

Татијана Петрушевска, Ѓорѓи Петрушевски – обои, Марјан Милошевски – фагот, Теодор Теодосиевски – ударни инструменти

Балет:Eндру Кук, Бaлаж Лaшеи, Саша Евтимова

Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести. Задолжително е носење на заштитна маска.

Влезот за публика ќе биде отворен еден час пред почетокот на настанот.

Билетите се во строго ограничен број!

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.