Утре, свечено прогласување на добитникот на наградата „Млада Струга“

22

Свеченото прогласување на добитникот на наградата „Млада Струга“ за 2024 година ќе се одржи на 08.07.2024 година (понеделник) со почеток во 11.30 часот во просториите на Јуроп Хаус Струга.

Наградата „Млада Струга“ за 2024 година, која што се доделува во соработка со Јуроп Хаус и со поддршка на Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија.

Конкурсот за поетската награда „Млада Струга“ за 2024, беше распишан на 9 мај и беше отворен заклучно со 14 јуни. Наградата „Mлада Струга“ се доделува за најдобра необјавена поетска збирка од млад автор-дебитант, на возраст од 18 до 30 години. Оваа година наградата „Млада Струга беше возобновена преку соработка на Струшките вечери на поезијата со Делегацијата на ЕУ којашто од оваа година ќе биде покровител на наградите ЕНХАЛОН и МЛАДА СТРУГА преку Јуроп Хаус-Струга (Europe House-Struga), најновата членка на мрежата на Јуроп Хаус (Europe House).

Oсвен паричен износ, наградата вклучува и објавување на поетската збирка како дел од изданијата на СВП и учество на Фестивалот, по урнек на поранешниот конкурс на Книжевната младина на Македонија.

Поттикнувањето на културната разновидност и создавање на еднакви можности за сите граѓани е една од темелните вредности и на Европската Унија под чие покровителство е и наградата Млада Струга, преку Јуроп Хаус.

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.