Општина Центар и Францускиот институт во Скопје организираат омаж на великанот Ацо Шопов по повод стогодишнината од неговот раѓање.
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, и Амбасадорот на Република Франција во Република Северна Македонија, Н.Е. Сирил Бомгартнер, свечено ќе ја отворат манифестацијата „100 години Ацо Шопов” на која свое обраќање ќе имаат истакнати македонски поети, професори и членови на семејството на Ацо Шопов.
Настанот по повод стогодишнината од раѓањето на Ацо Шопов ќе се одржи утре (14.3.2023, вторник), со почеток во 13 часот, во Музејот на македонската борба за независност– Скопје.
14 март (вторник) 13.00 – 14.00 часот
•Обраќања и излагања за одбележување на значајниот јубилеј – 100 години од раѓањето на Ацо Шопов.
•Излагањата ќе бидат во насока на чествување на животот, творештвото и преведувачка дејност на Ацо Шопов. Времето на излагање е ограничено на 10 минути.
Модератор: Лидија Неделковска, раководител на одделение за култура на Општина Центар-Скопје
-Горан Герасимовски, градоначалник на Општина Центар– Скопје
-Н.Е. Сирил Бомгартнер, амбасадор на Република Франција во Република Северна
Македонија
-Проф. д-р Веле Смилевски, писател
-Ученици од ООУ „Димитар Миладинов“
Поетско рецитирање на поема од Ацо Шопов, на македонски јазик и на француски јазик
-Проф. д-р Соња Стојменска-Елзесер, Институт за македонска литература, УКИМ, Скопје
-Проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска, Филолошки факултет „Блаже Конески“, УКИМ, Скопје
-Студенти од Филолошки факултет „Блаже Конески“- УКИМ
Поетско рецитирање на поема од Ацо Шопов, на македонски јазик и на француски јазик
-Проф. д-р Ирина Бабамова, Филолошки факултет „Блаже Конески“, УКИМ, Скопје
-Светлана Шопова, сопруга на Ацо Шопов
-Затворање на настанот со настап на пијано на 12- годишната Петра Митровиќ, стипендист на Општина Центар- Скопје од областа на културата која има освоено единаесет први места на светски натпревари и одржано солистички концерти во катедралата Нотр Дам во Париз и Карнеги Хол во Њу Јорк.