Актерите од ансамблот на Театар „Провокација“ уште еднаш ќе ги насмеат гевгеличани, но овојпат со нивната актерска игра во урнебесната комедија „Пациенти“. Во организација на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, „Пациенти“ ќе биде изведена во Народниот театар- Гевгелија на 9 март, со почеток во 19.30 часот. Влезот чини 200 денари, а билетите се пуштени во претпродажба од денеска и можат да се купат во Народниот театар- Гевгелија од 08 до 16 часот и пред самиот почеток на претставата.
– Во сценариото се зборува за односите во бракот, за тоа како изгледа заедничкото живеење на партнерите кои го негуваат егото наместо љубовта, во кое е присутна војната наместо спокојот. Ова се ситуации во кои ќе се препознаеме сите ние и нашите најблиски во моментите кога си дозволуваме да се разгорат оние „дебати“ во кои не ги бираме зборовите и средствата, само за да излеземе во право, во кои целиме што повеќе да повредиме бидејќи се чувствуваме повредено. Тој – хроничен алкохоличар, таа – хистерична аждаја. Не знаеш кој заради кого го сменил својот облик на битисување.
Ова е претстава која е огледало на ситуациите од нашите животи. Дополнителен квалитет е тоа што брачната актерска двојка, Мирјана и Роберт Ристов, несебично го внесува своето емпириско искуство, со цел огледалото да стане што појасно и пореално. Улогата на Доктор Доце му е доделена на младиот и талентиран актер Радо Алесовски, стои во краткиот осврт за претставата.
Режијата е на Ѓорѓи Ризески.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.