Уметнички настани за Жената во “КО-РА”

Во галерија “КО- РА”  на 7 март беше отворена  изложбата “Жените во светот низ историјата” дел од проектот “Жената симбол и инспирација” со преку 50 -тина учесници меѓу кои и бројни истакнати уметници.
Во рамките на овој мултимедијален проект кој здружува сликари, скулптори, графичари, модни креатори, дизајнери, фотографи, видео инсталација, се одржа и Поетскиот настан на 8 март, со учество на бројни поети, а на 16 март во сабота од 18 часот е промоција на книгата на Мирослав Трајковски.
Модератор на поетските настани е Елеонора Николовска, професорка по англиски јазик, а куратор на проектот е Виолета Калиќ, историчар на уметноста и стручен соработник во ЈУ Дом на културата “Кочо Рацин”- Скопје. Дизајнот на плакатите за изложбата е на Ванѓел Коџоман.
***
По тој повод поетот Чеде Шопкиќ ќе запише.
„Жената стои како капија на излезот и на влезот на овој свет”- Иво Андриќ.
Драги поетеси, мајки, жени, дами, сопруги, сестри, девојки, вие кои сакате и сте сакани, вие прекрасни суштества кои човечкиот род  го правите поубав, поемотивен, посуптилен и посакан Ви благодарам што сте меѓу нас и што ни го разубавувате секојдневието и Ви благодарам што бевте повод  да учествувам и да го дадам мојот скромен придонес. на поетската манифестација:
„ЖЕНИТЕ ВО СВЕТОТ НИЗ ИСТОРИЈАТА – ЖЕНИТЕ СИМБОЛ И ИНСПИРАЦИЈА” што се оджа вчеравечер во чест на празникот на жената во галеријата „КО-РА“ во Домот на кулурата „Кочо Рацин“ во Скопје. Проектот е поддржан од Град Скопје и од ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ – Скопје.
Дизајн на плакатот за изложбата е на Вангел Коџоман. Куратор на изложбата беше Виолета Калиќ, а на  поетскиот настан модератор Елеонора Николовска.
Затоа нека секоја жена знае дека е посебна.
Нека секоја жена знае дека е сакана.
Нека секоја жена знае дека е сила која го раздвижува светот.
Во срцето на секоја жена се крие цела галаксија. Таа е повеќе од зборови. Таа е приказна испишана со ѕвезди, мелодија која не може да се заборави. Таа е утро кое доаѓа по најтемната ноќ.
Нејзините очи се прозорци низ кои влегува светлината во светот. Нејзините раце се мостови кои ги спојуваат срцата.
И додека со чекорот поминува преку мостовите, таа го носи товарот на сите оние кои кога било врвеле по овој пат.
Таа е ветер кој го носи мирисот на лавандата и тагата.
Нејзините солзи се капки дожд кои ја хранат земјата.
Нејзиното срце е книга во која се испишани сите таги и радости, сите надежи и стравови.
Таа е песна којашто се пее во тишина.
Нејзините зборови се стихови кои летаат кон небото.
Нејзината љубов е огин кој никогаш не престанува да гори.
Таа е мајка која го раѓа светот.
Нејзиното тело е свет храм во кој се крие тајната на животот.
Нејзините раце се првите кои не држат, први кои не учат што значи да бидеш сакан.
Таа е сестра која не следи низ бурите.
Нејзиното присуство е светилник кој ни го покажува патот.
Таа е пријателка која ги дели нашите тајни. Нејзините солзи се капки кои ги бришат нашите рани.
Нејзината поддршка е мост кој не води кон подобри денови.
Таа е жена која сака. Нејзиното срце е океан во кој се кријат сите тајни на светот.
Нејзината љубов е светлина која ги осветлува темните патеки.
П.С. Не само 8 март како Меѓународен ден на жените, туку секој ден да ви е можност да ја цените и подржувате еднаквоста, достигнувањата и правата на жената. Без оглед дали го прославувате овој ден или не, важно е континуирано да се борите за подобри услови за сите. Вашата приказна е вечна.
Ако некогаш сакате да ја украсите жената со  зборови, само дозволете и на пролетта да се прелее преку  листот хартија.
Фотографии- Антица Павлеска
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.