Три претстави на “Локомотива” во Младинскиот културен Центар

ЛОКОМОТИВА – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата  известува за следната програма:

3 ноември, 2022

Cold Air : An ode to female fantasy на Александра Петрушевска

19.30 ч. билети тука

seguir moviendo на Дарио Бардам

21.00 ч. билети  тука

За двата перформанси блок билети тука

 

4 ноември, 2022

SCREENSAVER на Александар Георгиев

20.00 ч билети тука

 

Визуелни материјали:

https://we.tl/t-LJtkM3sz8Z

 

Програмата МОТ + е дел од соработката помеѓу Локомотива и МОТ, како и дел од тековниот процес на заеднички напор во неколкуте изминати години да ѝ се овозможи на македонската публика поглед на најновите локални, регионални и меѓународни танцови и перформанс продукции поврзани со програмата на Локомотива која има за цел да го позиционира танцот како социо-политички релевантна уметничка форма што им овозможува на различните тела во танцот да го одвлечат вниманието, да произведат афектни релации, да го прошират или да го засилат нашето гледиште за танцот и изведбата.

Трите претстави ќе ни дадат поглед на најновите дела на извонредните уметници Александра Петрушевска, Дарио Бардам и Александар Георгиев кои соработуваа со Локомотива изминатата година и сега премиерно ги прикажуваат своите дела на МОТ +. Нивниот уметнички придонес на нашата сцена не е само естетски туку и социо-политички поради нивниот споделен труд и придонес во продукцискиот процес преку споделување на сопствените ресурси. Oбединети и колективно, во оваа програма ние создаваме можност да ја развиеме нашата современа танцова и перформанс сцена, а оваа соработка е чекор напред за да овозможиме таа да постои и да биде достапна.

 

***

 

 

Кореографски тела/ МОТ + програма

„Ладен воздух ::: Ода на женската фантазија“

кореографија и изведба на Александра Петрушевска

3 Ноември 2022, 19.30 ч.

@ 25 Maj, Младински културен центар

 

билети тука

блок билети за двата перформанса тука

 

„Ладен воздух“ е ода на женската фантазија и покана да се доближиме до кревкиот и ранлив женски внатрешен свет.
Воздухот е невидлив, но кога е ладен, очите можат да го препознаат.
Со секој здив, го следам времето. Си шепотам, „сè уште сум жива.“

 

Тргнувајќи од внатрешна перспектива, кореографката и танчерка, Александра Петрушевска, ја води публиката на патување низ имагинарен пејзаж кој постојано се преобразува со движењата на изведувачот и погледот на гледачите. Рефрактивниот поглед ја поканува публиката да го набљудува огромниот внатрешен простор во телото на изведувачот и танците на различни внатрешни пејзажи создавајќи фантастична приказна. Играјќи со широк спектар на апсурди и апстракции, телото на изведувачот станува глетка на експериментирање и рефракција, домаќин на различни модалитети и расплетени слоеви на емоции до негово распрскување.
Наизглед менувајќи се помеѓу лик од видео игра и обична личност, телото што танцува постојано преговара за својата состојба на постоење.

 

Кореографија/Изведба: Александра Петрушевска

Музика: Александар Гроздановски

Драматургија: Александра Петрушевска

Костим: панталони од Јована Филиповиќ

Менторство: Фрауке Хавеман, Диего Агуло, Кат Валастур

Времетраење: 45 минути

 

Александра Петрушевска е танчерка, изведувачка и кореографка од Северна Македонија, која живее и работи во Берлин. Таа ја започнува својата уметничка работа како танчерка, кореографка и едукаторка за современ танц во Северна Македонија во независна танцова театарска организација. Неформалното танцово опкружување во нејзините детски години, а подоцна и искуството како член на танцовата театарска организација и дипломирана студентка на ХЗТ Берлин, придонесуваат за стекнување знаења за различни танцови форми и соматски практики. Дипломирала на Inter-University Center for Dance Berlin (HZT) во 2022 година. Нејзиното кореографско истражување се потпира на нејзиниот интерес за перцепцијата на времето и интроспекцијата, преку ткаење измислени приказни со цел да го промени и обликува просторот.

 

*****

Ладен воздух ::: Ода на женската фантазија е дипломска работа на Александра Петрушевска, создадена како дел од Graduation Works BA HZT, 2022 година, а повторно работена во рамките на програмата Choreographic Body 2022 на ЛОКОМОТИВА – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата.

Фотографија на Хана Стојаковиќ.

Посебна благодарност до Ник Хафнер, Сандра Уматум и Биљана Тануровска-Ќулавковски.

 

_________________________________________________

Кореографски тела/ МОТ + програма

“seguir moviendo” („Да се продолжи со движење“)

кореографско дело на Дарио Барето Дамас

3 Ноември 2022, 21.00 ч.

@ 25 Maj, Младински културен центар

 

билети  тука

За двата перформанси блок билети тука

 

целиот овој текст постојано пропаѓа без надеж дека никогаш нема да пропадне: низ еден прилив на специфична сеедност, првобитна разноликост* да го помести теренот што те движи, запирајќи. сепак барокот се превртува и го превртува својот набор, туркајќи го до бесконечност, набор над набор.* тоа се случува веќе 12,6 милијарди години. многу добро оди со она што знаеш дека го знаеш. минливо и краткотрајно. неврзан номад изгубен во некаква нередуцирана одисеја… со бесцелно убедување дека секое движење нема да успее да најде дестинација, „добро читање“, валидна интерпретација.* замаглувајќи ги сопствените рабови. размислува, со слух. „ова ли е тоа?“, прашувам. повеќе или помалку, повеќе или помалку, двосмислена, нејасна работа. од тековно оформување, исчезнување, до распаѓање, до ѕвездена прашина (и обратно, наопаку и нарушено) (повторно). свесни за тоа што сè уште не е и што би можело да биде наскоро или што не може. во приближно 4,7533108 x 10-8 милениуми еден свиреж ќе го заземе просторот.

*Erin Manning, “Always More Than One” (x2) and Paz Rojo, “To Dance in the Age of No-Future” / *Ерин Менинг, „Секогаш повеќе од еден“ (x2) и Паз Рохо, „Да танцуваш во ерата на без иднина“.

 

танцово дело на Дарио Бардам. 

танц одигран од Дарио Бардам.  

танц изведен од танцот на Ана Грип, Кристина Каприоли, Дебора Хеј и Липи Хернандез (меѓу многу други).

танц музички поткрепен од Дарио Бардам и Цветан Момчилов. 

танц осмислен заедно со Гри Тингског. 

танц осветлен од Карина Премер. 

танц илустриран од Ѓорѓи Десподов.  

танц секогаш придружуван од Александар Георгиев.

Времетрање: 60 минути

 

„seguir moviendo” („Да се продолжи со движење“) е чадор-наслов  што го користат уметниците Сара Рејес, Карлота Мантекон и Дарио Бардам за да организираат низа заеднички афинитети развиени преку повеќе средби и разговори во последните две години. Оваа рамка предлага една посредувачка стратегија за навигација низ прашањето/проблемот „како размислува танцот?“ преку тело кое инсистира да се движи, сурфајќи меѓу неопходностите, случајностите, можностите и неможностите, тело кое инсистира на непознатото.

Тројцата уметници предлагаат употреба на ист наслов за различни уметнички дела како обид да се отфрли неговото разбирање како индивидуално богатство/а и да се признаат колективните меѓусебни односи кои неизбежно ги обликуваат сите негови потенцијали. seguir moviendo може да се појави во облик на истражување, продукција, академска работа, лесно дружење, вежбање, тренинг сесија, танц во диско или читачки круг. Овие испади можеби немаат исти процеси, цели или естетика, но тие танцуваат во и околу заедничка основа.

seguir moviendo, („Да се продолжи со движење“) е концепт предложен од Сара Рејес во нејзината статија „La danza como forma de conocimiento“ („Танцот како форма на знаење“) заснована на интермодалните односи предложени од филозофот Џорди Кларамонте.

 

Дарио Барето Дамас е канарски хонорарен танцов уметник кој работи во областа на танцот и кореографијата. Дарио е со седиште во Тенерифе, Софија, Скопје и Стокхолм. Неговото образование се одвивало во Театро Викторија, Тенерифе; Институт дел театар, Барселона и DOCH, Стокхолм. Во моментов студира магистерска програма по кореографија и перформанс на Јустус-Либиг-Универзитет, Гисен, предводена од Бојана Кунст. Дарио има работено со Калберг како гостин танцов уметник, ccap / c.off, (воден од Кристина Каприоли), Александар Георгиев и Офелија Јарл Ортега меѓу другите. Во текот на неговата работа, Дарио се фокусира на легитимирањето на танцот како автономна појава и во просторите на деконтекстуализација / деидентификација. Дарио е ко-креатор, со Александар Георгиев и Жана Пенчева, од уметничкиот тим STEAM ROOM и проектната институција ICC (Имагинативен кореографски центар). Дарио е член на невладините организации Локомотива (Северна Македонија), Интеримкултур (Шведска), Гараж Колектив (Бугарија), ПидеБасе (Канариас) и ТенерифеЛАВ (Тенерифе).

За уметникот:

http://dbardam.hotglue.me

 

*****

Фотографија на Орлин Огњанов.

Продуциранo од Дарио Барето Дамас во рамките на Roots Proposals (Фестивал за изведбени уметности од и со студенти по кореографија и перформанс, Гисен, Германија). Копродуцирано од ICC (Имагинативен кореографски центар) и Garage Collective со финансиска поддршка на Националниот културен фонд на Бугарија и Giessener Hochschulgesellschaft (GHG) – Гисен, Германија.

Кореографското дело е “seguir moviendo” е дел од програмата УПИТ 2022 на ЛОКОМОТИВА – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата, поддржано од Министерството за култура на Р.С. Македонија во соработка со Младинскиот културен центар и Мот + програмата.

_________________________________________________

Уметност Институција Политика Тело/ МОТ + програма

SCREENSAVER /СКРИНСЕЈВЕР/

Кореографско дело на Александар Георгиев

4 Ноември 2022, 20.00 ч.

@ 25 Maj, Младински културен центар

билети тука

 

Драги, почестете не со вашето присуство токму тука и поканете ги сите во вашите спомени, во вашата имагинација, во вашите мечти, во приказните што почнуваат со „што ако“. Додека го правите, тоа бидете грациозно сигурни, но не и нужно мирни, најверојатно зафатени, но апсолутно воздигнати, забавувани од знаците на задоволството, кои се појавуваат кога ќе се заглавите во циклично движење кое нежно ви го ниша телото и органите. Или кога, со култивиранo продолжување и неговите невидливи, но опипливи траги од кои се подигнуваат цвеќиња, испраќате информации и податоци кои ја освојуваат просторијата, како да ве удира мирисот на розата додека шетате по вашата омилена улица.

Знаете, како што прават во филмовите, создаваат супермоќи со движења кои изгледаат прилично безосетни и бесмислени, но кинетички рафинирани и изведени без напор. Кога ќе успеат да направат да исчезне еден неизмерен универзум со едноставно меко замавнување на зглобот, безгрижно, глатко и величествено, како никогаш било вознемиремо тоа тело. Тоа е навистина храм на задоволството, истото чувство што го добивате кога сте на луда железница, кога вашето тело е повеќе од ваше тело, кога скриеното продолжение на вашите движења може да ги излечи сите наоколу.

Како кластер од тела кои се движат низ и во меѓусебните простори без преиспитување, како да го направиле тоа милијарда пати, како да е нивното чувство за дома, нивното чувство за основа, нивната стабилност. Удобен простор каде што нивните усти произведуваат плунка на ист начин како кога сте гладни, а вкусниот оброк создава чувство на пријатен огномет во вашите образи. Тела споени како гума за џвакање.

Вашите движења се таа гума за џвакање која преминува од густа напнатост до растегната мекост, која се заглавува во површините, создавајќи нови, редефинирајќи граници, обликувајќи се низ течни времиња, како кога се обидувате да слушнете мелодија под вода, издигната и недофатлива, речиси нереална, света.

Драги, почувствувајте го задоволството на продолжување на вашиот прекрасен танц, не завршувајте го, немојте да изгорите, чувајте го ветувањето за вашето најдобро движење, најдобриот мирис, прекрасен вкус, не го остварувајте го, пропуштете го, отстранете ја носталгијата, како кога се обидувате да трчате во сон, но неизбежно сте бавни. Уживајте во задоволството на истрајноста. Тоа е како да ја знаете иднината, да поседувате иднина што не може да се случи без денешното неизвесно задоволство.

 

Кореографија: Александар Георгиев 

Изведувачи и соработници: Карлота Мантекон, Реиналдо Рибеиро, Сара Рејес, Александар Георгиев и Дарио Барето Дамас 

Драматуршка поддршка: Хавиер Куевас 

Музика: Цветан Момчилов 

Гостински вокал: Драгана Заревска 

Графички дизајн: Ѓорѓи Десподов 

Костими: Александар Георгиев, Катерина Тошева и Хектор Леон Леон 

Времетраeње: 60 минути

 

Александар Георгиев – Аце е кореограф и културен работник. Тој бил дел од формални и неформални едукативни програми како што се NOMAD, SPAZIO, DanceWeb, 50 Days Fly Low, Passing Through и програмата Kритичка пракса (трета генерација). Ја завршува  магистерската програма за кореографија на DOCH, Стокхолм, во 2014 година. Го истражувал номадскиот пристап во однос на седиштето на работа, постојано поместувајќи се, но во последните 4 години низ работата дефинирал четири места што ги смета за свој дом / локалитет (Стокхолм, Софија, Скопје и Тенерифе). Неодамна  ја иницирал кореографската истражувачка КO–серија. Истражувањето го работи со различни уметнички практики и методи, истражувајќи ги идеите за соживот, хипер и холографија низ призмата на танцот и кореографијата. Тој е член на невладини организации како Локомотива (Северна Македонија), Гараж колектив (Бугарија) и Интеримкултур (Шведска). Тој е исто така член на мрежата NOMAD (балкански земји).

За уметникот: https://aleksandargeorgiev.com/

 

*****

 

СКРИНСЕЈВЕР е дело развиено како дел од програмата УПИТ на Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата (Северна Македонија) и програмата „Residentes“ на ТенерифеЛАВ – Лабораторија за живи уметности /TenerifeLAV – Tenerife Laboratorio de Artes Vivas/ (Шпанија) и изведено во соработка со Младинскиот културен центар и МОТ + програмата.

СКРИНСЕЈВЕР се реализира со финансиска поддршка на Министерството за култура на Република Северна Македонија, Националниот културен фонд на Бугарија, Гараж колектив, ТенерифеЛАВ и Канарскиот институт за културен развој /Instituto Canario de Desarrollo Cultural – Gobierno de Canarias/.

СКРИНСЕЈВЕР е продуциран од Александар Георгиев и Дарио Барето Дамас и копродуциран од ICC – Имагинативен кореографски центар / Imaginative Choreographic Center/ со поддршка на STEAM ROOM, THOR (Белгија), Konstnärsnämnden (Шведска), ccap и c.off (Шведска), Танцовото студио Битрикс (Северна Македонија), Модно студио LE-TE (Северна Македонија), MOT фестивал во Скопје (Северна Македонија), Општина Бургас (Бугарија), DNK – простор за современ танц и изведба (Бугарија), Teatro El Sauzal (Шпанија), Centro Cultural El Sauzal (Шпанија) и Espacio La Granja (Шпанија).

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.