Трет ден на Синедејс 2024

Скопје 13 јули 2024

На третиот ден од овогодинешниот 23.CINEDAYS ќе ги погледнеме следниве филмови:

„Dolomite and Ash“ режија на Тома Селиванова (OC) во кино Фросина.

Филм за сталинистичките репресии и огромната меѓугенерациска траума што тие ја предизвикале, и за евентуалните системски остатоци во денешна Русија.

 

5 кратки филмови на Wim Wenders во Кинотека внатре

„Same player shoots again“

„Silver city revisited“

„,Room 666“

„Reverse angle/ Ein Brief Aus New York“

„Shattered Chains“ – Returning from ISIS режија Сибел Абдиу (MK Short) во МКЦ парк

„Скршени синџири“ е доку- драма која ја обработува трагичната приказна на две жени од Македонија, кои по игра на судбината се нашле во Сирија како дел од ИСИС – не по своја желба.

„Supermarket“ режија Немања Бечановиќ (SEE)

„Каде да се сними филм за Робинзон Крусо во 21 век? Најголемата иронија од сѐ е што тоа не е пуст остров, туку супермаркет во срцето на градот“ – вели режисерот Бечановиќ за оваа мрачна, но комична приказна.

„Brando with glass eye“ режија Антонис Цонис (SEE) во Кинотека

Еден актер се подготвува за студии на престижна актерска школа во Њујорк. По една неочекувана несреќа, ќе се најде во најдобрата животна ситуација за метод-глума: соочен со својата ‘жртва’ ќе мора да се внесе во улогата што случајно си ја наметнува.

„Only when i laugh“ режија Вања Јураниќ (SEE) во кино Фросина

Тихана Лазовиќ и Славко Собин се апсолутно одлични во своите изведби, а филмот ве принудува да не ја свртите главата од еден од најголемите проблеми во земјава- семејното насилство.

„Bug“ режија Филип Момировски (MK Short) во МКЦ парк.

Тања, невработена челистка ангажирана како тестер на софтвер за музички старт-ап, испробува паметен звучник, кој генерира музика врз основа на чувствата на слушателот. Работите тргнуваат во ужасен правец кога паметниот звучник одекнува со застрашувачки звуци среде ноќта.

„The city“ режија Амит Улман (OC)

Филмот го користи целиот пакет ноар/рап за да ја создаде и критикува сликата на израелското општество.

TURBO TRANS TURISTI (концерт) во МКЦ парк

Турбо Транс Туристи е експериментален панк бенд од Белград. „Ништа није страшно“ е втор албум на дуото ТТТ, објавен кон крајот на 2023 година. Нумерите имаат порадикален звук во однос на нивниот прв албум, „Лево или десно“, оправдувајќи го преминот од Туристи во Турбо Транс Туристи. Настапот во живо е нова димензија, каде што публиката ќе има можност да доживее сирова енергија, електронски звук, психоделични гитари, врескање и хорско пеење, придружени со нескротливите тапани на Игор Кузмановиќ (Невен, Набод).

Билетите за CINEDAYS ќе бидат по цена од 250 денари, за сите филмови.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.