Театарот од Благоевград гостуваше во Битола 

Декември, 2024
 
 
Публиката во Народниот театар- Битола, имаше единствена можност да ужива во импресивната претстава „Метаморфози“, текст по Овидиј, во режија на Стајко Мурџев, продукција на Драматичен театар “Никола Вапцаров”- Благоевград, Р. Бугарија.
Оваа современа интерпретација на класичните митови е спој на прекрасна актерска игра, инспиративна сценографија и длабока емоција која го одразува бескрајното човечко стремење за промена и преосмислување и понуди магично театарско доживување.
„Метаморфози“ е перформанс- компилација од антички митови, која навлегува длабоко во човековата свест и ги истражува неговите најдлабоки чувства. Режисерот е познат по своите иновативни пристапи и длабоки
интерпретации, кои секогаш оставаат траен впечаток на сцената. Преку импресивната сценографија на Никола Налбантов, оригиналната музика на Петар Дундаков и експресивната кореографија на Станислав Генадиев, „Метаморфози“ ги презентира универзалните теми на љубовта, смртта и
трансформацијата, приспособувајќи ги за модерната публика. Актерите на публиката и откриваат цела палета на човекови емоции. 
Претставата „Метаморфози“ ја доби престижната награда ИКАР 2024, која 
ја потврдува професионалноста и високото ниво на работа на целиот тим.  
По големиот успех во Бугарија, оваа претстава ja започна својата турнеја на меѓународните сцени за да докаже дека магијата на антиката и денес може да биде инспиративна. 
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.