ВСкопје, 11.12.2022
оСиноча се одржа „Домче“ во поранешна месна заедница во Тафталиџе, кој всушност беше презентација на работниот процес под менторство на театарскиот колектив GEHEIMAGENTUR од Хамбург и студенти од Архитектонски факултет и Факултет за Драмски уметности – Скопје.
„Во една куќа, во било која структура изградена од луѓе, има нерешени конфликти и неисполнети иднини. Куќата, како настанала, нејзината историја и приказните на луѓето кои живееле и работеле во неа, содржат сè уште нереализирани иднини. Нејзините духови ќе ни кажат за овие можни иднини. Треба само да ги најдеме.
Учесници: Студенти од Архитектонски факултет Скопје: Ева Живковиќ, Габриела Гаврилоска, Ангела Станоевска и студентите од Факултет за Драмски уметности – Скопје: Александар Јовановски, Борис Василески и Кристијан Караџоски.
Месната заедница „Домче“ се наоѓа спроти основното училиште „Јан Амос Коменски“, ул.„Варшавска“ бр.23.
Организатори на настанот: Факултет за работишто не се учат – ФРУ, Скопје, како дел од 17. АКТО Фестивал за современи уметности. Настанот беше поддржан од ГЕТЕ институт -Скопје