Борче Начев е македонски театарски, филмски и телевизиски глумец. Од 2010 година работи во Македонски народен театар во Скопје.
Роден- 2 декември 1982 во Струмица
Македонец
Познат по улогите во “Сенки”, “Македонски народни приказни”, “Вистинска љубов”, “Преспав”
***
Борче Начев е роден на 2 декември 1982 година во Струмица. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на отсекот за глумечка игра во класата на Владо Цветановски во 2007 година. Вработен е во Македонскиот народен театар од 2010 година.
Театрографија
„Јонадаб“ од Питер Шефер, р. Дејан Пројковски, НУ Драмски театар- Скопје, 2003.
Купер Џонс- „Сцени од животот“ од Овен мек Каферти, р. Филип ле Моан, МНТ, 2004;
Перо ѕидарот- „Големиот смок“ од Митко Маџунков, р. Горан Тренчовски, НТ „Антон Панов“- Струмица, 2005;
Константин, Црна Арапина- „ММЕ кој прв почна“ од Дејан Дуковски, р. Владо Цветановски, НУ Драмски театар – Скопје, дипломска претстава, 2007;
„Македонски рулет“ од Љубиша Георгиевски, р. Сашо Миленковски, Драмски театар- Скопје, 2007;
„Соларис-мултимедијален проект“ од Златко Славенски, МНТ, 2007;
Филип- „Големите очекувања“ од Ана Ристовска, р. Јован Ристовски, МНТ, 2007;
Селанец- „Сите лица на Петре М. Андреевски“, р. Владо Цветановски, Драмски театар- Скопје, мултимедијален проект, 2008;
Помет- „Дундо Марое“ од Марин Држиќ, р. Драгана Милошевски- Попова, МНТ, 2008;
Базил, месарот, Бегалецот, Војникот, Инспекторот, Стражарот, Новинарот- „Фигаро се разведува“ од Еден фон Хорват, р. Куштрим Бектеши, МНТ, 2008;
Пациент- „Мара/САД“ од Питер Вајс, р. Васил Христов, МНТ, 2008;
Иви- „Лет во три глави“ од Загорка Поп-Антоска Андовска, р. Никола Ристов, МНТ, 2009;
г. Нинковиќ, државен секретар во МНР- „Госпоѓа министерка“ од Бранислав Нушиќ, р. Наташа Поплавска, МНТ, 2009;
Троил- „Троил и Кресида“ од Вилијам Шекспир, р. Љубиша Ристиќ, МНТ, 2010;
Даскал Наум, Комитата- „Суд“ од Коле Чашуле, р. Љупчо Ѓоргиевски, 2010;
Јохан, неуспешен студент по филозофија, ботаничар- „Спиноза“ од Гоце Смилевски, р. Зоја Бузалковска, Драмски театар- Скопје, 2010;
Миле- „Слепи птици“ од Јани Бојаџи, р. Јани Бојаџи, НУЦК „Антон Панов“ – Струмица, 2010;
Атанас- „Немој ти мене Фауст“ од Срѓан Јаниќијевиќ, р. Срѓан Јаниќијевиќ, МНТ, 2010;
„Копнеж по целина“ од Матеја Матевски, р. Ристо Алексовски, МНТ, 2011;
Иван Шатов- „Бесови“ од Фјодор Михајлович Достоевски според Албер Ками, р. Златко Славенски, МНТ, 2011;
Сегизмундо- „Животот е сон“ од Педро де ла Барка Калдерон, р. Владо Цветановски, МНТ, 2012;
Ролен, славен поет – „Подемот и падот на кабарето“ од Артур Шницлер, р. Владимир Милчин, МНТ, 2013;
Јаша, млад лакеј- „Вишновата градина“ од Антон Павлович Чехов, р. Трајче Ѓоргиев, МНТ, 2013;
Бохумил Зелински- „Вечната куќа“ од Јордан Плевнеш, р. Дејан Пројковски, МНТ, 2013;
Агамемнон, Еврипид — „Електра“ од Есхил, Софокле, Еврипид и Жан Пол Сартр, р. Андриј Жолдак, МНТ, 2014;
Дедо Тил – „Сината птица“ од Морис Метерлинк, р. Златко Славенски, МНТ, 2014;
Леарт- „Аферата Елсинор“ од Љубиша Георгиевски, р. Љубиша Георгиевски, МНТ, 2014;
Четвртиот маж- „Тероризам“ од Владимир и Олег Пресњаков, р. Јордан Симонов, МНТ, 2015;
„Викај ги среќа“, р. Златко Славенски, 2016;
Спиро- „Прекината одисеја“ од Роберт Урбањски, р. Јацек Гломб, МНТ и Театар „Хелена Моджејевска“ (Полска), 2016;
Духовникот- „Силјан штркот шанца“ од Дејан Дуковски, р. Срѓан Јаниќијевиќ, МНТ, 2016;
Мирза, босанскиот камп и камерманот на СНН- „Ничија земја“ од Данис Тановиќ и Александар Морфов, р. Александар Морфов, МНТ, 2017;
Кирил- „Дух“ од Дејан Дуковски, р. Срѓан Јаниќијевиќ, МНТ, 2018;
Доктор- “Бесачи” од Мартин Мекдона, р. Јавор Грдев, МНТ, 2019;
Рос- „Макбет“ од Вилијам Шекспир, р. Нела Витошевиќ, МНТ, 2019;
40 разбојници/7 џуџиња- “Хенгинг Араунд” од Љупчо Јованов, р. Бојан Трифуновски, МНТ, 2024.
Филмографија
2004 Алеф ТВ-филм Оги
2006 Тајната книга ТВ- филм Гласот МРТ 1
2006 Караула ТВ- филм Војник
2007 Сенки ТВ- филм д-р Лазар Перков МРТ 1
2007-2010 Народни приказни ТВ- серија А1 ТВ
2012-2013 Македонски приказни ТВ- серија Канал 5
2012-2014 Тврдокорни ТВ- серија Пешо ТВ Сонце
2014 Приказни од животот ТВ- серија Огнен Алфа ТВ
2014 Среќна Нова 1903 (филм) ТВ-филм Србинот Канал 5
2014-2015 Македонски народни приказни ТВ-серија МРТ 1
2016 Вистинска љубов ТВ- филм Ацо Пинго Канал 5
2016-2017 Македонски народни приказни ТВ-серија Канал 5
2017 Фамилија Марковски ТВ- серија Никола Канал 5
2017 Искушаните ТВ- филм Един
2017 Инсајдер ТВ- серија Новинар Телма
2018-2020 Преспав ТВ- серија Шиме МРТ 1
2019 Змија ТВ- филм Дарко
2021 Последните денови на невиноста ТВ- филм Дарко
2022 Драматургија на незавршеното ТВ- филм
2022 Македонски народни приказни ТВ- серија Алфа ТВ
2022- 2023 Бистра вода ТВ-серија Докторот во станот Алфа ТВ