Балет и театар вечерва на МОТ (6.12. 2021)

6 декември (понеделник)

ИСКРИЧАВО / Скопје танцов театар (МКД)
претстава во три дела

време: 19:00 / локација: Дом на АРМ

Скопје танцовиот театар, првата официјална современа танцова компанија во нашава земја, основана и предводена од кореографката Рисима Рисимкин во 2011 година, годинава прославува 10 години од своето основање. Компанијата во континуитет, активно работи на создавање, промоција и презентација на современата танцова уметност кај нас, како и нејзин пласман на светската танцова сцена.

Прв дел – „Не ми ги допирај очите“, кореографија на Адријана Данчевска.
„Не ми ги допирај очите“ се поистоветува со човекот во Македонија. Го слави животот, убавото во едноставното и гневот во постоењето. (Кога ќе те снема, може повторно да те заима)
Следете политика и главите кон сонцето!

Втор дел – „Меѓусвет (УБАВИТЕ ЖЕНИ)“ – Дует, кореографија на Рисима Рисимкин.
„Убавите жени во мојот народ
тие брзо прецутувале
Како цут од кајсија
Како мајски јоргован“
Б. Конески

Трет дел – „DEVIL’S HOLE“, кореографија на Дејан Битровски.
Кого залажуваш? Помина веќе една година како танцувам покрај амбисот. Немам намера да забавам. Поздрав.

Пандорината кутија: Наследството на ќерката / Медиа Артес (МКД)
режија: Ришард Ниечим

време: 20:00 / локација: МКЦ, сала 25 Мај

Претставата по текст и режија на Ришард Ниечим (Канада) е дел од циклусот претстави на авторот под заедничкиот наслов „Древни огледала/Современи гласови“. Претставата е во 2 чина, од кои првиот чин ги претставува древните гласови или патријархалната херојска перспектива на мажите и машките богови и божици на античка Грција во однос на жените и женственоста, додека вториот ги претставува современите гласови на наследената патријархална херојска перспектива на современите мажи и жени без потхранувачките митови за античките богови и божици и наследената борба на жените за ослободување на сопствениот Женски Глас.

„Пандорината кутија: Наследството на ќерката“ покренува некои од тековните прашања: Кои се денес ќерките на Пандора? Што се сменило за овие 30 века од Хесиод наваму, во улогата/-ите на жените и женственоста во западните култура и општество?аат во соодветните корпи за рециклирање отпадок со цел за да живееме во здрава средина со чист воздух, чиста вода за пиење и чиста земја за одгледување здрава храна.

Мајсторот за спомени / Артопија, Скопје (МКД)
режија: Јане Спасиќ
време: 22:00 / локација: МКЦ, сала Фросина

По првата успешната соработка меѓу Јане Спасиќ и „Артопија“ на претставата „Експеримент“, овој ‘тандем’ повторно се втурнува во истражување на меморијата (сеќавањата и спомените), која е главна тема на интерес во претставите на авторот. За разлика од „Експеримент“ каде што главен фокус беше односот на индивидуата со колективните мемории, претставата „Мајсторот за спомени“ е интимно патување и согледување на спомените од приватниот живот во креирањето на идентитетот на луѓето. Зошто некои настани остануваат како спомени? Зошто други ги забораваме? Кои ги потискаме длабоко во себе, а кои нѐ потискаат нас? Дали постоиме без сеќавања? Каква е корелацијата меѓу мемориите, животот и театарот? Дали ние го креираме минатото или тоа е наш белег, кој неуспешно се трудиме да го сокриеме.

Билетите за претставите изнесуваат 300 денари. Истите се достапни преку bileti.mkc.mk и на билетарница во МКЦ.

Тимот на МОТ го задржува правото на измени во распоредот на претставите.

Фестивалот е поддржан од Град Скопје и Министерство за култура.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.