Приватниот театар, Театар ХИТ од Скопје неодамна ги израдува децата низ Македонија. Според планот на летната турнеја, театарот Хит, ги прикажа своите актуелни претстави на повеќе места, но неодамна и во Крушево, Велес и Охрид.
Претставите кои беа изведени се “Младиот чорбаџија”, “Разгалениот принц” и “Далматинко”.
Од продукцискиот тим на театарот велат дека настапите се во склоп на Манифестацијата “Десет дена Крушевска Република”, “Велешко културно лето” и проектот “За сите деца” кој е во соработка со Општина Охрид.
Турнејата насловена Лето 2024 година, театар Хит ја завршува на 31.08.2024, но за радост на децата веќе се договараат нови гостувања во соработка со неколку општини.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.