Актерката Тамара Ристоска ќе учествува на престижната програма Berlinale
Talents коja ќе се одржи во рамките на овогодишното издание на Berlin Film
Festival – Berlinale, еден од најзначајните филмски фестивали во светот. На 23-
тото издание на оваа програма Тамара Ристоска е избрана помеѓу 3,836
апликанти од 123 држави, а таа е единствената учесничка од регионот.
Berlinale Talents е платформа за развој на филмски таленти, која ја истражува
уметноста и процесот на создавање филмови. Основана во 2003 година, оваа програма
е препознатлива како еден од водечките форуми за филмски професионалци и
ентузијасти. Со над 10.000 алумни ширум светот, Berlinale Talents ја претставува една
од најголемите глобални филмски заедници, нудејќи уникатна можност за вмрежување
и креативна соработка на меѓународно ниво.
Овогодишната тема на Berlinale Talents е “Listen Courageously – Cinematic Narratives
in Times of Dissonance”, која ќе ги истражува значењето и важноста на слушањето во
уметноста. Учесниците ќе имаат можност да се вклучат во дебати, работилници и
дискусии со светски познати предавачи. Во изминатите години, учесници на главните
теми биле филмски легенди како Мартин Скорсезе, Кејт Бланшет, Кристен Стјуарт,
Рубен Остлунд, Џералдин Чаплин и Лупита Њонг’о.
Тамара Ристоска е истакната млада актерка од Македонија, која успешно гради
кариера и на меѓународно ниво. Позната е по улогите во филмовите „Мими“,
„Проблемот на Тина“, „Обичната Ели“, „Return to Silent Hill“, „Verified Target“ и други.
Покрај тоа, таа настапувала и во домашните ТВ-серии „Фамилијата Марковски“ и
„Тинејџерски Камп“, како и во српските продукции „Konstantinovo raskršće“ и
„Branilac“.
Нејзините најнови проекти вклучуваат улоги во режисерското деби на Сара Климоста
„Нова Енергија“, филмот „Lubarda“ на Горан Радовановиќ, како и „Ruka Pravde“ под
режија на Немања Ќераниќ, каде Тамара ја игра една од главните улоги.
Учеството на Тамара Ристоска на Berlinale Talents е огромно признание не само за неа,
туку и за македонската културна сцена, покажувајќи дека нашите уметници имаат
капацитет да се докажат на највисоко светско ниво.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.