Свечен хаику настан “Светот што лебди”

На ден 22.05.2024 година во пресрет на празникот 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј, во Музејот на Македонската борба за самостојност, се одржа поетскиот настан “Светот што лебди”. Настанот беше организиран од страна на Здружението на просветни работници на Град Скопје а го модерираше претседателката на Здружението Катерина Митковска.

“Светот што лебди” е според истоимената стихозбирка со хаику поезија на црногорскиот автор Владан Лаловиќ која беше промовирана во присуство на авторот а преведена на македонски и англиски јазик од страна на проф. Даниела Штерјова од ОУ”Петар Поп Арсов” – Општина Карпош.
Во преполната сала настапија и македонски автори со хаику поезија со што овој настан се зацврстува македонско – црногорското пријателство преку светот на културата, образованието, уметноста. Тоа се авторите:
– Лилјана Стоилковска
– Вера Чорниј Мешкова
– Сашко Христовски Липски
– Марија Ангеловска
– Андреј Ал Асади
– Сирма Катерина Митковска
Прекрасен настап имаше и Ансамблот за народни песни “Вања Лазарова” под диригентската палка на маестро Лазо Трпковски- Ласко.
Во оваа пригода нашиот ликовен уметник и хуманист Живко Поповски – Цветин подари слики со своите светски познати цвеќиња на мирот на авторот Владан Лаловиќ, на Јапонскиот амбасадор и на Здружението на просветни работници на Град Скопје. Меѓу гостите кои се обратија беше и новинарката и уредничка на Куларт.мк – Валентина Ѓоргиевска Парго, Проф. д-р. Виолета Ачковска и Благојка Филипчева, претседател на Здружението на просветни работници – литературни творци на Македонија.

Исто така беше присутен и неговата екселенција, почесниот конзул на Монголија во Македонија, господинот Леетив Намдаг Жанчивин. На учесниците беа доделени благодарници.
Фотографиите се од нашиот познат писател и љубител на фотографијата Никодин Чернодримски.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.