Со доделување на наградите и проекцијата на филмот „Нема да си сама“ на македонско – австралискиот режисер Горан Столевски, во 21 часот во МКЦ Парк, вечерва завршува 21-от Меѓународен фестивал на европски филм „Синадејс“.
Изминатите осум дена на различни локации низ Скопје беа проектирани 50 филмови во повеќе селекции, од кои натпреварувачки се само две,Официјалната селекција и СЕЕ селекцијата (Соутх еастерн Еуропе), за кои наградите ќе ги доделат две жири комисии во состав:
За официјална селекција: Марија Апчевска, ИеваНорвилиена и АлфтедХолигхаус.
СЕЕ селекцијата: Ѓулин Устин, Дамјан Козоле и Диего Апарисио.
По доделувањето на наградите, следува првата европска фестивалска проекција на филмот „Нема да си сама“ на Столевски, кој стекна светската слава по премиерата на Фестивалот на независен филм „Санденс“ годинава. Пред оваа проекција режисерот има особена возбуда за која вели:
„Фестивалските публики ми се омилените публики. „Нема да си сама“ како приказна е зачната токму тука во Скопје и многу ме радува што конечно ќе се прикаже на затворањето на Цинедаѕс. Длабоко медопреастрасните, емоционални реакции од публиката во Сунданце. Со нетрпение и возбуда ги чекам овдешните.“, вели Горан Столевски.
Филмот „Нема да сама“ е сместен во изолирано планинско село и раскажува за девојче грабнато од страна на древен дух и преобразено во вештерка. Љубопитна за животот на луѓето, младата вештерка случајно убива една селанка, па потоа го зазема нејзиниот облик за да живее во нејзината кожа. Љубопитноста и се разгорува, па продолжува да ја користи оваа ужасна моќ за да разбере што значи да се биде човек.
По проекцијата на филмот фестивалот следува ДЈ сет на актерот Оливер Митковски, со што и официјално ќе виде затворено годинешното 21 издание на Меѓународниот фестивал ан европски филм „Синадејс“.