Репертоар на 21. CINEDAYS за 11.07.2022 МКЦ6.

10:00 часот
Синедејс Синема Форум
CINEDAYS CINEMA FORUM е настан на кој киноприкажувачите од балканскиот регион ќе имаат можност да ги споделат своите методи и искуства на работа, како и да се запознаат со новите трендови во индустријата. Имајќи го предвид разлчниот општествен контекст на земјите од регионот, секој киноприкажувач зад своите почетоци, развој и напредок има посебна приказна.
Токму затоа е многу важно претставниците од киносекторот да ги пренесат своите знаења и начини на работење, како и да ги споделат проблемите со кои се соочуваат, недостигот на компетенции и вештини во оваа област. На овој еднодневен настан преку модерирани дискусии ќе се стави фокусот на тоа како да се менаџира кино, кои се новите начини за да се привлече
младата публика и како да се биде иновативен во секторот. Првото издание на CINEDAYS CINEMA FORUM е организирано во соработка со „Форум за разумни политики“.
ГТЦ Кров
20:30 часот
Брат и сестра– Гала селекција
Сценарио и режија: Арнауд Десплечин
Синопсис:
Алис и Луј се брат и сестра. Таа е актерка; тој бил настав- ник и поет. Повеќе од дваесет години, Алис го мрази својот брат. Со години се немаат видено. Смртта на родителите ги принудува повторно да се сретнат. Филмот својата премиера ја имаше на Канскиот фестивал во мај годинава.
Кино Милениум
20:30 часот
Вечно млади – Гала селекција
Режија: Валериа Бруни Тедесчи
Кон крајот на осумдесеттите години на минатиот век, Стела, Виктор, Адел и Етјен имаат по дваесет години. Полагаат прие- мен испит за прочуената актерска школа создадена од Патрис Шеро и Пјер Роман во Театарот де Амандје во Нантер. Итајќи со полна брзина во животот, страста и љубовта, заедно ќе ја ис- кусат пресвртницата на своите животни, но и првата трагедија.
Филмот својата премиера ја имаше на Канскиот фестивал во мај годинава.
Кинотека
20:30 часот
#DOGPOOPGIRl
Режија и сценарио: Андреи Хутулаек
Кучето на една жена врши нужда во вагон од подземната железница. Тинејџер го снима инцидентот и го објавува на ин-тернет. Настанува хаос. Инспириран од вистински настан, од
инцидентот Dog Poop Girl што се случи во Јужна Кореја во 2005 година.
22:30 часот
Од никаде – ретроспектива на Фатих Хакин
Од никаде, животот на Катја се распаѓа кога нејзиниот сопруг и синчето Роко ќе загинат во бомбашки напад. Нејзините пријатели и семејството се обидуваат да и ја дадат потребната поддршка, и Катја некако успева да го преживее погребот. Меѓутоа, опседнатоста да се пронајдат злосторниците и причината зад нападот го усложнуваат болното тажење на Катја,
отворајќи рани и сомневања. Данило, ад- вокат и најдобар пријател на Нури, ја застапува Катја во судењето против двајцата осомничени: млад пар неонацисти. Судењето сосема ја полудува Катја, но за неа едноставно не постои друг избор: таа сака правда.
МКС парк
21:00 часот
Исти – МК кратки
Режија: Ферди Јајаи
Анимиран краток филм за двајца различни луѓе разделени од едно дрво.
Јут топија – Официјална селекција
Режија: Денис Стормер
Вања воопшто не ја интересира трендот на самореализација, додека алгоритамот и нејзе не и доделува совршена работа. Новоот- криените привилегии и потврда на работното место се супер, но ќе ја направат ли посреќна од дување лепило? Набрзо почнуваат да и недостасуваат
откачените пријатели од детството и сфаќа дека ти- нејџерите имаат нешто што мот.
Тројца Италијанци, еден со седиште во Неапол, а другите двајца во Фиренца, Тоскана, оддаваат почит на херојските подвизи на мигрантите од Медитеранот, музичките култури на африканската
дијаспора и древните врски на јужна Европа со Средниот Исток, Магреб и Америка.
Поп Ап кино
21:00 часот
Дом на градежници
Вечно млади – Гала селекција
Режија: Валериа Бруни Тедесчи
Кон крајот на осумдесеттите години на минатиот век, Стела, Виктор, Адел и Етјен имаат по дваесет години. Полагаат прие- мен испит за прочуената актерска школа создадена од Патрис Шеро и Пјер Роман во Театарот де Амандје во Нантер. Итајќи со полна брзина во животот, страста и љубовта, заедно ќе ја искусат пресвртницата на своите животни, но и првата трагедија. Филмот својата премиера ја имаше на Канскиот фестивал во мај годинава.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.