Кинотеката од денеска ја почнува програмата за најмладите љубители на филмот и за тинејџерите која традиционално ја организира за време на зимскиот распуст.
Тинејџерите ќе имаат можност да видат неколку играни филмови од поновата продукција – францускиот игран филм „Антоанета во Севените“ и италијанските наслови „Брат ми брка диносауруси“ и „Стакленото момче“. Филмовите ќе имаат вечерни проекции од 19 часот.
За најмладите гледачи од денеска на пладневни проекции ќе ги прикаже популарните анимирани филмови „Биби, Боби и една снешкастична Нова година“, „Каламити Џејн“ и „Патешествието на принцот“.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.