Швајцарската драма „Фамилија“, во режија на Фред Баилиф, од 4.05.2023 година е на репертоар во кино „Милениум“. Филмот се фокусира на проблемите на тинејџерите во дом за згрижување деца во Женева. Исто така, денеска филмот ќе биде прикажан и во Дом на
културата „Иван Мазов Климе“ во Кавадарци со почеток од 19.30 часот. На 18. месецов,
„Фамилија“ ќе се прикажува и во Домот на културата во Македонски Брод, додека пак на 25.мај во Кинотека на Македонија. Поранешниот швајцарски социјален работник и самоук режисер Фред Баилиф го развивал филмот во период од две години со тинејџерките и социјалните работници од домот. Седум девојки живеат под ист покрив, но не се избрале една со друга, исто како семејство. Доаѓајќи од тешки
средини, овде во сигурната куќа, девојките наоѓаат нова заедница, на начин што никогаш порано не го доживеале. Тие споделуваат радост и болка, заедно се бунтуваат против недостатоците на нивното опкружување – темпераментите на младите жени се различни, нивната желба за живот е голема, нивното место во општеството е премногу несигурно за работите да бидат мирни и хармонични. Директорката на домот Лора е секогаш тука за нив кога им треба. Или е обратно?
Филмот бил создаден во тесна соработка со младите актерки, кои биле вклучени во развојот на нивните ликови. „Фамилијата“ ја открива несовршеноста на системот за заштита на младите, како и кревкоста на општествените структури и прашањето што всушност би можело да значи да се биде дел од семејство.
Дистрибутер на филмот е „Катавеј“ од Скопје, а дистрибуцијата е помогната од швајцарската
федерална влада и „Свис филмс“.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.