Скопје, 30 април
“Танцување во хаосот” нов краток филм од нашата земја,во режија на младиот Мурат Жерка, е победник на годинешното, 20. јубилејно, издание на Филмскиот фестивал на ромски филмови “Златно тркало”.
Филмот е сниман кај нас, со актери натуршчици, а меѓу нив и познатиот новинар, водител, шоумен Муарем Рамуш Цирко.
Најдобра режија оствари турскиот режисер Ѓокчин Докумачи за филмот “Kovan”, награда за најдобра музика во филм освои турскиот “Roma from Serdar maalo in Izmir”, најдобро сценарио е прогласено она на шпанскиот филм “Големиот преглед 1749”, а награда за зачувување на трајни вредности прими Радмила знешиќ за филмот “Ромите во Србија- Шабан Бајрамовиќ”.
Награда за придонес кон ромската заедница, како претставник, прими аташето Сандра Харастија за унгарската серија “Support for cooperation”. Награда за најмал актер му припадна на Алексеј Петровски.
Благодарници од организаторот имаше за Град Скопје и за Романи Ило.
Прикажани беа најуспешните едноминутно видеа кои освоија награди, а изработени од деца кои ги посетуваа и работилниците на фестивалот, како и најуспешните младински видеа, за кои беа доделувни и награди за најдобрите и сертификати.
Директорот и идеен творец Зоран Димов изрази благодарност кон Агенцијата за филм на Република Северна Македонија, Град Скопје и Кинотека за поддршката.
На конкурсот годинава пристигнаа повеќе од 40 документарни и играни фичмлви филмови од десеттина земји, Косово, Турција, Велика Британија, Шпанија, Унгарија…
И годинава фестивалот се оддржа во Кинотека, во организација на СП БТР Продукција.
-Оваа година е 20-ти по ред и горди сме на тоа дека Златно Тркало функционира и понатаму, нагласи организатор.
Ва.Ѓ.Парго