Српско издание на „Заедно да растеме“ од Филип Димкоски

 

Банатскиот културен центар од Ново Милошево, Република Србија, на почетокот на месецов  на српски јазик ја објави поетската книга за деца „Заедно да растеме“ од Филип Димкоски.

Препевот го направи м-р Снежана Алексиќ-Станојловиќ, рецензент е Власта Н. Цениќ, илустрациите се на Александра Ацеска, дизајнот е на Сенка Влаховиќ, а уредник на изданието е Радован Влаховиќ.

Книгата која ги освои детските срца во Македонија, на одличен прием наиде и кај најмладата српска читателска публика. Истата,  досега свои претставуања имaше пред повеќе од петстотини ученици  во неколку училишта во Нови Сад, Србобран, Сремски Карловци и Суботица., a беше промовирана  и на Саемот на книгата во Нови Сад.

Инаку, книгата „Заедно да растеме“ минатата година од страна на Хрватското книжевно друштво беше наградена со наградата „Книжевно перо“ за најдобра книга за деца во регионот.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.