Со првата Меѓународна поетска манифестација “Ромска душа” се прослави 33. годишнината на суверена Република Македонија

76

Со пригодна манифестација на 13.09.2024 година, во С.Г.У.С. “Шаип Јусуф” во Шуто Оризари се одбележа 33 годишнината од постоењето на Суверена Република Македонија

 

 

Скопје, септември 2024

На 13-ти септември 2024 година, Здружението на љубители на ромска фолклорна уметност “Романо ило”- Скопје под раководство на претседателот Бранислав Петровски во свечена и достоинствена атмосфера ја оддржа првата меѓународна музичко- поетска вечер со која се одбележа 33 годишнината од постоењето на независна Република Македонија. Настанот беше насловен под името “Ромска душа”- “Romani atma”.

Оваа манифестација се одржа во средното училиште С.У.Г.С “Шаип Јусуф”, именувано по легендарниот Шаип Јусуф, авторот на првата ромска граматика и промотор кон воздигнувањето на литературниот ромски јазик, па така и денес ромските медиуми и писатели го користат и неговиот речник.

На оваа манифестација беше присутен д-р Шабан Салиу, министер во Владата на С.Република Македонија кој воедно е и преставник на Ромите во државата, кој исто така имаше и поздравен говор до присутните.

Манифестацијата имаше меѓународен карактер па така можеа и поетите надвор од земјата да се обратат преку видео бим и да ги прочитат своите творби. Покрај овие поети свое учество имаа и поети од нашата држава .

 

Поети кои читаа своја поезија 

 

Дисоран Зекир, Италија

Ванѓа Радевска, Македонија

Рамиз Сефер, Белгија

Весна Стојковска Р.Србија (песната ја прочита м- р Биљана Челик)

Дијана Крстевска, Македонија

Ибраим Џемаил

Билјана Челик, Македонија

Сафет Камбер, Македонија

Валентина Ѓоргиевска Парго, Македонија

Селјадин Салиевиќ, Р. Србија

Селим Азис, Белгија

Лидија Лучко Јеремич, Македонија

Рамче Мустафа, Шпанија

Енис Бектеш, Р.Македонија

Сафија Точи, Македонија

Сафет Имер- Славе, Македонија

Соња Манасиевска Коневска, Македонија

Лилјана Ел Араси, Македонија

Викторија Македонска, Македонија

Даниел Петровски, Македонија

Бранислав Петровски, Македонија

 

Поети од странство 

 

Неџо Осман, С.Р. Германија

Руждија Сејиќ, С.Р.Германија

Али Ѓунеш, С.Р.Германија

Раде Вучковиќ(Ниш), Р.Србија

Јасна Косанчиќ, СР Германија

Ана Далиповска, Хрватска

Ѓунер Абдула, Белгија

По завршувањето, организаторот, ,,Романо Ило,, односно претседателот на оваа организација, господинот Бранислав Петровски им се заблагодари на сите учесници и во знак на благодарност им додели благодарници.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.