На 5. ноември 2024 година почина Славка Арсова- поетеса и авторка за деца.
Славка Арсова е родена во Скопје на 3 јули 1934 година. Завршила Филозофски факултет во Скопје. Работела како гимназиски професор. Член на ДПМ од 1993 година. Била членка на Претседателството на ДПМ во два наврата, претседателка на Здружението на просветните работници на РМ и претседателка и основачка на детскиот републички литературен фестивал „Ракатки“.
Добитничка е на наградата „13 Ноември“ на Град Скопје, награда на манифестацијата „Месец на липите“, награда за животно дело на Здружението на просветните работници- литературни творци и други признанија.
Книги:
“Вечно постоење” (поезија, 1991),
“Именијада” (поезија за деца, 1992),
“Да полетаме со птиците” (поезија за деца, 1993),
“Пораки на разумот и душата” (поезија, 1994),
“Те имаме земјо вековијо” (поезија, 1996),
“Детски лажго смешки” (поезија за деца, 1997),
“Трепетот на интимата” (поезија, 1998),
“Срцевина си на сѐ” (поема, 1998),
“Дом на месечината” (роман за деца, 1999),
“Зелениот брод“ (роман за деца, 2001)
„Мобилките пред пештерата“,” Детски ѓаволштини“ (2002)
“Волшебниот свет на децата“,
романот “Солзите на Роска“,
“Разни имиња- без презимиња“( 2005),
“Бисерчиња од детски главчиња”( 2009)
“Песни за мали и големи” (2011),
Збирката „Лажготека“(2022).