Фестивалот на eвропски филм CINEDAYS, распишува конкурс за пријавување на кратки филмови кои ќе бидат прикажани во рамки на „MK Shorts“ програмата на 24. издание што ќе се одржи од 10 до 15 јули, 2025.
Пријавените филмови треба да се со времетраење до 20 минути, со година на продукција 2023/2024. Истите, може да се во формат на анимиран или игран филм.
Конкурсот е отворен до 1 јуни 2025 година, по кој учесниците ќе бидат информирани во најкус рок.
За учество на конкурсот треба да се испрати мејл со основни податоци за филмот кна е-адресата [email protected].
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.