Дванаесет европски филмови се прикажуваат во рамки на седмото издание на „Фестивал на тркала“. Фестивалските тркала тргнаа од 12 ноември онлајн на посебна фестивалска платформа на Сinesquare.net и ќе бидат достапни до 19 ноември. Годинава во проширен концепт фестивалот има четири програми: игран филм, документарен филм, посебен фокус на француската режисерка на документарен филм Клер Симон на Меѓународниот фестивал на документарен филм Амстердам (IDFA), како и програма за најмладите.
Фокус играни:
- Сонот на Катрина (Katrina’s Dream)
- Море од Жито (Mare di Grano)
- Насмевка (Smile)
- Гулабот (The Pigeon)
- Бракот (The Marriage)
Фокус документарни:
- Каде си Жоао Жилберто? (Where Are You Joao Gilberto?)
- Крис Швајцарецот (Chris The Swiss)
Фокус Клер Симон:
- Приемен испит (The Graduation)
- Младешка самотија (Young Solitude)
Фокус детски:
- Кариран нинџа (Checkered Ninja)
- Хакер (Hacker)
- Улица на надежта (Mercy Street)
Филмските тркала продолжуваат да се движат по патиштата низ земјава овозможувајќи им на децата и на возрасните низ републиката причина за уживање во квалитетен филм од најновата европска кинематографија. Фестивалот го организира продукциската и дистрибутерска компанија „Катавеј“ од Скопје со поддршка од Министерството за култура.