Новата поетска манифестација “Ромска душа 2024” ќе се одржи на 13 септември

21

9.09.2024

Здружението на љубители на ромската фолклорна уметност “Романи ило” испрати јавна покана за учество на првата меѓународна ромска музичко- поетска вечер “Ромска душа 2024″, на поети/ љубители на пишаниот збор од Македонија и дијаспората.

Како што пишуваат во својот отворен конкурс  право на учество имаат сите љубители во поезијата/ пишаниот збор. Секој автор може да учествува со најмногу две свои необјавени поетски творби напишани на ромски -македонски јазик, како и на ромски и странски јазик од место кое припаѓа од дијаспората.

Песните што ќе бидат промовирани на поетската вечер треба тематски да кореспондираат со заложбите за афирмација на Ромскиот Јазик, Ромскиот урбан живот, на секојдневните навики и на традицијата и во нив да е присутен Љубовен мотив и поврзаност со Ромското Маало…

Поетските творби треба да се во духот на соживотот и на верската и националната толеранција. Доколку некој од учесниците пријави поетска творба со која се предизвикува верска или национална омраза, Организаторот ќе ги разгледува има право да не дозволи учество на пријавениот учесник и неговата поетска творба

Своето учество како и песните може да го потврдите /испратите преку е- маил;[email protected] ,. како и кон моб 078289929 најдоцна до 11 (Среда) Септември до 16 час.

Организацискиот одбор при Здружението …“Романо ило“ потоа селектираните автори поети благовремено ќе ги извести за нивното учество на меѓународна ромска музичко поетската вечер “Ромска душа 2024”

Музичко Поетската вечер “Ромска душа” ќе се одржи на 13, Септември, 2024, во СУГС “Шаип Јусуф“ Скопје , со почеток во 18:30 минути.

Организатор е  Бранислав Петровски.

Упатуваат Голема благодарност до м-р Доан Сулејмановски и персоналот на СУГС “Шаип Јусуф“ Скопје безрезервна поддршка во реализирање на оваа идеја.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.