Во организација на Искра Шукарова – кореограф и професор на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во тек на месеците јуни и јули 2019 година, се реализираат три гостувања/резиденции за современ танц на млади автори/ дипломци од програмата за балетска педагогија – современ танц при ФМУ. Учесници на уметничките резиденции за современ танц се Христина Ангеловска, Теодора Ежовска и Марија Ристеска. Резиденциите се од исклучително значење за развојот и едукацијата на младите кадри за современ танц во нашата земја, и се од особена важност во доменот на интернационалната соработка на ФМУ – Скопје и проектот Nomad to Nomad кој го иницираше Шукарова во 2018 година а ќе се одржат во Бугарија и Унгарија.
Вонр. проф. д-р Шукарова, како професор ги води предметите за современа танцова пракса, а иницијативата за овие резиденции во Бугарија и Унгарија е резултат на мрежната соработка на двете интернационални мрежи каде Шукарова е еден од основачите: Global Practice Sharing at Movement Research – New York, поддржано од фондот Trust for Mutual Understanding и мрежата Nomad Dance Academy. Уметничките резиденции се реализираат со три водечки организации во регионот кои се дел од споменатата мрежна соработка: организацијата Brain Store во рамки на Antistatic Festival – Софија, потоа Derida Centre – Софија и Workshop Foundation – Будимпешта.
Професори кои ги водат резиденциите се еминентни уметници од современата танцова сцена: Anya Cloud (САД), Milan Herich (Холандија) и Joy-Marie (САД). Во рамките на третата резиденција во Derida Centеr, која ќе се одржи во Софија во периодот од 8 до 19 јули 2019 година, студентите ќе работат со кореографката Joy-Marie (САД).
Студенти од програмата за балетска педагогија – современ танц при ФМУ, професор и кореограф Искра Шукарова;
Aвтор на фотографии: Дејан Бошковски, 2019.